Новости од е-трговија

Нашиот член КЛИМИ.мк објави оглас за вработување

КЛИМИ.мк како дел од реномираниот бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување на продажниот тим објавува оглас за отворено работно место на позиција продажба во продажно/изложбена салон лоциран во Скопје – Аеродром

ОПИС НА ЗАДАЧИ:
– Директна презентација на производите од портфолиото на нашиот бренд.
– Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
– Одговарање на е-маил, телефонски и преку социјални медиуми на прашањата од страна на крајните корисници, обезбедување на потребните информации барани од страна на клиентите.
– Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.

БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
– Минимум средно завршено образование
– Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
– Познавање на работа со компјутери, интернет и социјални медиуми.
– Посветеност кон работата и обезбедување на високо корисничко задоволство
– Основно познавање на производите кои ги нудиме како што се резиденцијани клима уреди.
– Познавање на Аглиски јазик
– Претходно работно искуство во областа на белата техника и/или климатизацијата ке се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV на следнава е-маил адреса: info@klimi.mk

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.