26 март 2019 година ќе остане запаметен како историски ден на кој Европскиот парламент ја усвои Директивата за заштита на интелектуалната сопственост на интернет.
Европскиот парламент ја усвои директивата за авторски права со 348 гласови „за“ и 274 „против“. Текстот, кој во рок од две години ќе мора да биде пренесен во националното законодавство на сите земји членки на Унијата, ги усогласува правата на интелектуална сопственост на 27-те земји членки.
По повеќегодишното усогласување на содржината на Директивата за заштита на интелектуалната сопственост, на пленарна седница постигнато е компромисно решение во кое свој удел имаа бројни правници. Имено, најспорната точка на Директивата, за која најмногу се дискутираше, се однесува на Член 11 и Член 13 од содржината, заради недоволно јасна формулација на текстот кој остави простор за различна интерпретација на содржината.
Додека Член 11 се однесува на платформите на интернет кои објавуваат деловни информации, обврзувајќи ги да обезбедат лиценца од издавачот за користење на нивните содржини, Член 13 ги обврзува платформите на интернет да користат филтри преку кои би се надгледувал процесот на преземање на содржина со цел да се спречи повредувањето на авторски права. На тој начин, најголема одговорност е ставена врз т.н. GAFA платформа, односно Google, Amazon, Facebook, Apple и YouTube. Понудувачите на анти-плагијаторските лиценци за креативна содржина на интернет мора да се обврзат дека ќе користат авторска содржина во иднина. Со оглед на фактот дека во Член 13 постои клаузула со која на државите членки им се дава суверенитет при имплементација на Директивата, сите интернет платформи би биле присилени да го прилагодат своето работење спрема секоја поединечна членка на Унијата.