Ноември слободно може да добие епитет – „месец на попустите” бидејќи во овој месец се одбележуваат двата најзначајни денови со попусти во светски рамки, особено во е-трговијата. Станува збор за веќе добро познатиот „Црн петок” и до неодамна не толку популарниот (за македонскиот пазар) „Денот на самците”. Што всушност означуваат овие денови?
Историјата за „Денот на самците”
„Денот на самците“ се организира секој 11-ти ноември и е кинески пандан на „црниот петок“ и „сајбер-понеделник“, кој започнал како нејасна „анти -валентајн“ прослава за сингл Кинезите во деведесеттите, кога студентите на универзитетот Нанџинг започнале да го слават својот сингл статус. Тогаш бил усвоен од гигантот за е-трговија Алибаба, во 2009 година, бидејќи се сметал за повод да се зголеми продажбата во периодот на затишјето помеѓу националниот празник на Златната недела во Кина во октомври и Божиќната сезона.
Во првата година, 27 трговци понудиле попуст, а потрошувачите потрошиле 50 милиони јуани (околу 5 милиони фунти). Во 2011 година – кога бил наречен „Ден на самците на векот”, бидејќи беше 11.11.11 – повеќе од 500 милиони фунти биле потрошени преку платформата на Алибаба во текот на денот. Кога продажбата станала речиси четирикратна следната година, тимот од Алибаба решил да го заштити со трговски знак ”Денот на самците”.
Овој ден е познат и како „Ден на ергени” поради нерамнотежа на половите во Кина. Политиката за едно дете на земјата, која заврши во 2015 година, во прилог на политиката на две деца, заедно со културните и економските притисоци за тоа дете да биде син, доведе до вишок на мажи. Од вкупното население во Кина од 1,4 милијарди, има скоро 34 милиони повеќе мажи отколку жени. До 2030 година, се проценува дека еден од четворица Кинези во доцните 30-ти години никогаш нема да се ожени.
Според, кинескиот гигант во е-трговија Алибаба, овогодишната продажба во текот на „Денот на самците“ достигнала неверојатни 210 милијарди јуани, односно 30,8 милијарди долари, со што е поставен нов рекорд во 24часовната онлајн продажба.
Историјата за „Црн петок”
„Црн петок” пак, нема точна дата кога се одржува, туку секоја година е на различна дата, на четвртиот петок во месец ноември, а оваа година „црн петок” ќе биде на 29 ноември.
Започнал во 50-тите години на минатиот век, луѓето почнале да се јавуваат на работа и да се пријавуваат дека се болни, еден ден по Денот на благодарноста (кој се празнува секој четврт четврток во ноември), за да си искористат продолжен четиридневен викенд. Бидејќи продавниците биле отворени, оние што кажувале на работа дека се болни, први започнувале со нивниот празничен шопинг. Наместо да се обидат да утврдат кој е легитимно болен, властите одлучиле само да го додадат и тој ден како уште еден празник. Ова за прв пат било објавено во 1961 година во вести во Филаделфија.
Се нарекува „Црн петок”, бидејќи првично обемот на купувачи создавал сообраќајни несреќи, а понекогаш дури и насилство. Полицијата ја измислила фразата за да го опише застојот на пешаците и авто сообраќајот околу трговски центри. Но, трговците на мало сакале да го направат името „Црн петок“ да значи нешто позитивно, бидејќи овој петок, по Денот на благодарноста бил еден од најпрофитабилните денови во годината.
Значи, Црниот петок значи профитабилен петок во малопродажбата и воопшто за економијата. Трговијата на мало и потрошувачката завземаат скоро 70% од бруто домашниот производ на САД. Трговците на мало го усвоиле името, но овој пат за да го одразат нивниот успех. За да ги охрабрат луѓето повеќе да купуваат, тие понудиле големи попусти достапни само на тој ден.
Оттогаш „Црн петок” означува почеток на божиќните попусти во продавниците, а од пред неколку години и онлајн. Вакви големи попусти по повод „црн петок” се организираат во голем број земји низ светот.
Кој од овие два „празници за попуст” вреди повеќе?
„Денот на самците” убедливо е повреден во однос на „Црниот петок”. Минатата година кинеските потрошувачи потрошиле околу 30 милијарди фунти за купување од Алибаба за само 24 часа. Оваа година е постигнат нов рекорд со 30,8 милијарди фунти.
За споредба, „црниот петок” минатата година генерирал 6,2 милијарди американски долари во продажбата во САД, според „Adobe Analytics“ кој анализирал 80 од 100те најголеми американски трговци на мало.