Минатата година речиси на 500 000 рутери биле пробиени безбедносните стандарди преку малициозен софтвер. Оттаму, создаден е новиот безбедносен протокол за мрежни уреди.
Wi-Fi Алијансата, група на компании кои сертифицираат уреди способни за пренос на податоци преку Wi-Fi, го ажурираат новиот безбедносен протокол за уреди со Wi-Fi.
Уредите со вграден нов WPA3 генерално ќе бидат безбедни кога станува збор за хакирање на пасворди. Новиот безбедносен протокол ќе активира посебна заштита „robust protection“ кога корисниците ќе употребуваат слаби пасворди. Воедно, уредите со WPA3 ќе имаат посебна индивидуална енкрипција на податоците, што ќе ги направи побезбедни за употреба на јавни места, кафетерии и други отворени Wi-Fi мрежи. Со ваквиот систем, хакерите ќе може да го откријат пасвордот само доколку ја имаат спецификацијата на рутерите и како тие пренесуваат податоци помеѓу уредите и серверите.
WPA3 има за цел да заштити од напади кои декриптираат претходно пренесени податоци. Wi-Fi алијансата исто така издава нов протокол за WPA2 и WPA3 уредите, односно тие ќе обезбедуваат QR код за конектирање базиран на пристапна точка, односно за да се логирате ќе треба да го скенирате кодот.
Wi-Fi алијансата во моментов не обезбедува сертификат за сите нови уреди, меѓутоа се очекува во иднина сeртифицирањето да се зголеми но и да стане предуслов за обезбедување на Wi-Fi.
Ваквиот систем наишол на поддршка кај Cisco, HP, Intel, а Qualcomm веќе започнале со производство на чипови за телефони и компјутери кои ја поддржуваат новиот безбедносен протокол.
Извор: thenextweb.com