Новости од е-трговија

Нова законска одредба: Намалена границата за плаќање во кеш

Според најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансиски тероризам, забрането е плаќање во готово за стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противредност.

Со стариот закон претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра.

Законот предвидува од 1 јануари 2019 година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни следната година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.

Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.

Забраната важи за физички и правни лица.