fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

[НАСТАН НА ЦАРИНСКА УПРАВА] Промоција на серија од кратки инфоративни видео записи поврзани со царинското работење

Царинската управа на Република Северна Македонија ве поканува на промоција на серија од кратки информативни видео записи поврзани со царинското работење.

Видео записите се дел од проектот “Како подобро да се разберат Царинските постапки” и се изработени од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО од Скопје, под покровителство на KGH Douaneopleidingen (Customs Services Company) од Холандија и Nuffic – независна, непрофитна, холандска организација за интернационализација во образованието.

Овие видео записи се изготвени со цел олеснување на трговијата преку развивање на знаења и вештини на сите инволвирани во царинскиот процес во следните области:

  • Тарифно распоредување;
  • Царинска вредност;
  • Правила на потекло;
  • Инкотермс правила;
  • Учество на царината во приходите.

Со оглед на тоа што е се поголема потреба за олеснување на трговијата очекуваме дека оваа промоција ќе предизвика интерес кај пошироката јавност.

Настанот ќе се одржи на 28.05.2019 година во вторник со почеток во 11:00 часот во просториите на Стопанската комора со адреса Димитрие Чуповски бр. 13, 1000 Скопје

Виктор Стојкоски

Post a comment