+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Како да напишете опис кој може да го продаде продуктот?

Во еден момент вашата компанија ќе треба да креира описи, без разлика дали се работи за продукти, услуги, мени или нешто друго. Бидејќи вашите описи ќе бидат прикажани на ваштата веб страна, некоја социјална мрежа или друг тип на медиум, тие треба да бидат колку што е можно поубедливи. Тоа е многу важно, бидејќи описот на производот треба да успее да го продаде вашиот производ.

Фокусирајте се на вашите идеални купувачи

Не се обидувајте да ги задоволите сите со описот на производот. Ако го напишете имајќи голема публика на ум, вашиот опис нема да таргетира никого односно нема да се обраќа на никого. Секоја листа на производи треба да биде прилагодена според профилот на вашиот идеален клиент. Размислувајте како може неговиот живот да го направите полесен или попријатен. Потоа, искористете го описот на продуктот за да одговорите на прашањата кои овој идеален купувач може да си ги постави.

Покажете што продуктот има за нив

Потенцијалните клиенти не сакаат да читаат огромна листа на функции на производот. Купувачите не ги интересира што содржи вашиот производ, туку што може тој производ да понуди за нив, како ќе им помогне, како ќе им ги подобри животите, кои проблеми ќе им ги реши. Затоа, не грижете се за спецификациите (освен ако вашата таргет група сака технички разговор) и напишете ги за клиентот да има корист од нив.

Дефинирајте го тонот на вашиот глас

Како описот на продуктот ве разликува од вашата конкуренција? Преку тонот на гласот. Ова им дава на читателите силна порака за вашата компанија, за културата, за личноста и за вредностите. Дозволете вашите карактеристики да се споделуваат преку вашата содржина а ако функционира, додадете и малку хумор.

Користете визyелен формат со добар квалитет

Луѓето читаат отприлика 16% од зборовите на просечен веб сајт. За да ги примамите луѓето да купуваат ваш продукт, ќе треба да користите едноставен начин на опис со визуелен формат. Насловите треба да бидат со поголеми фонтови од останатиот текст, а убаво е да се користат и точките за да се наведуваат работи со што ќе се обезбеди поголема прегледност. Сепак, текстот не секогаш е добар начин да се опише некој производ. Затоа, треба да се понуди и креативен начин за опис кој вклучува видео или слика.

Избегнувајте суперлативи

Како потрошувач, најверојатно до сега сте се сретнале со многу фрази како „продукт со одличен квалитет“, „услуга од најдобра класа“, „број 1 во индустријата“ и слични изјави. Но, сте слушнале ли било кој својот продукт да го опишува како просечен или како лош продукт? Како резултат на користењето на суперлативите, тие всушност веќе нема да направат ништо добро и корисно за вас и за вашиот опис. За да не се наведат клиентите да размислуваат во насока на „да, да, уште еден најдобар продукт“, потребно е да бидете што е можно поспецифични. Зошто е одличен квалитетот на продуктот? Како можете тоа да го покажете и докажете пред читателите и купувачите?

Привлечете со зборови

Сега кога знаете какви зборови да не се користат, како може да го опишете вашиот продукт?

Одговорот лежи во магијата на зборовите. Тоа најдобро може да се направи со зборови кои опишуваат односно описни зборови. Овие зборови не се само за поети и креативци, туку се корисни и за вашата компанија, може да се користат ефикасно и да ја зголемат вашата продажба. Тие додаваат личност и вкус на веќе видени или досадни содржини.

Оптимизирајте за полесно пребарување

Секако дека сакате да бидете сигурни дека вашите производи ќе се наоѓаат лесно за луѓето кои сакаат да ги купат. Кога пишувате за вашиот купувач, вие автоматски оптимизирате опис на продукт за полесно пребарување, бидејќи ќе ги употребувате фразите/зборовите кои вашиот купувач ќе ги пребарува на Гугл. За да го постигнете ова, направете brainstorm за сите начини (зборови) на кои вашиот идеален клиент може да ги најде вашите продукти. Инкорпорирајте ги овие зборови во насловите, поднасловите и текстовите кои се наменети за продуктите. Оптимизирајте ги сликите и видеата за продуктите преку употреба на клучни зборови и тагови.

 

Извор: entrepreneur.com