fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Грешки кои не смеете да ги направите во е-трговијата

Голем дел од купувачите сакаат да го купат производот кој го нуди вашата компанија онлајн. Меѓутоа е-трговијата многу се разликува од обичната продажба. Има некои аспекти на кои мора да им обрнете внимание пред да почнете да продавате онлајн.

Не воведувајте дополнителни трошоци.
Всушност ова се скриени трошоци за кои купувачите дознаваат на крајот на процесот. Најдобро е уште на почетокот да ги информирате вашите купувачи за сите трошоци. Најчесто трговците прават грешка кога не кажуваат дали испораката на производот е бесплатна или не, го оставаат овој податок за самиот крај на трансакцијата.

Премногу чекори.
Поентата на е-трговијата е да се олесни процесот на купување. Колку повеќе полиња корисникот треба да пополни пред да купи, толку се поголеми шансите да се откаже од купувањето на средина на процесот.

Немате доволно опции за плаќање.
Овозможете да на купувачите да одлучат како сакаат да платат. Повеќе опции значи повеќе продажби. Можеби ќе ви звучи чудно, но покрај сите картици кои постојат во денешно време, сеуште не ја исклучувајте опцијата за офлајн плаќање. Вашата работа е да им ја овозможите удобноста на плаќање на корисниците.

Поскапи сте од конкуренцијата.
Интернетот на купувачите им овозможува да посетат повеќе продавници со само еден клик. Тоа на купувачите им олвозможува на лесен и едноставен начин да направат споредби на иститот производ кај повеќе различни трговци. Потрудете се добро да ја позиционирате цената на производот кој го продавате, во спротивно купувачите ќе забележат дека има подобра опција од вас.

Безбедност.
Не “измислувајте” нови системи за плаќање. Постоечките, кои веќе се прифатени од страна на банките се користат од страна на најголемите трговци за е-трговија. Искористете еден од нив и со помош на интерфејсот покажете им на корисниците дека вашиот сајт е безбеден за онлајн плаќање.

Виктор Стојкоски