АETM – најнов член на Асоцијацијата за Е-трговија на Европа

Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија, од неодамна, стана член на Асоцијацијата за Е-трговија на Европа (E-commerce Europe), која што застапува над 100,000 компании кои продаваат стоки или услуги преку Интернет на потрошувачите во Европа.
 
Асоцијација за Е-трговија на Европа е единствениот глас на секторот за дигитална трговија во Европа. Како резултат на здружување на силите со ЕМОТА (European E-commerce and Omni-channel Trade Associaton), Асоцијација за Е-трговија на Европа, сега, преку своите 23 национални асоцијации и здруженија низ Европа претставува над 100.000 компании што продаваат стоки и услуги преку Интернет на потрошувачите во Европа.

 

Асоцијација за Е-трговија на Европа делува на европско ниво и има за цел да ја стимулира прекуграничната електронска трговија преку лобирање за подобра или посакувана политика и доставување на барањата до секторите за е-трговија на оние што изработуваат неопходни стандарди и регулативи. Клучните области на делување на асоцијацијата се: заштита на податоци и приватност, полиси за потрошувачите, дигитални трансакции, оданочување, конкуренција и е-логистика.

 

Со пристапувањето на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија во Асоцијацијата за Е-трговија на Европа
ќе се започне директна соработка на интернационално ниво, на прашања кои се однесуваат на секторот за дигитална трговија, што ќе овозможи заеднички да се решаваат предизвиците на е-трговците од Македонија и да се разговараат можностите за раст и развој на е-трговците од Македонија на европскиот пазар.

Поврзани содржини