Ова шесто издание кое ја анализира состојбата со е-трговијата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а прво на англиски јазик го проширува фокусот од претходните извештаи кои беа концентрирани само на Северна Македонија, за да го опфати целиот регион на Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Изработен од Македонската асоцијација за е-трговија и поддржан од НЛБ Групацијата, извештајот нуди детална анализа за состојбата и трендовите на е-трговијата во овие пазари. Преку секундарни податоци и споредбена анализа, се оценува растот во изминатата година и се споредува со поразвиените европски пазари. Примарното истражување ги истакнува предизвиците со кои се соочуваат е-трговците во регионот, мапирајќи ги бариерите и пречките за да се поддржат информирани активности.

Преземете го извештајот и стекнете информации поврзани со:

Преглед на големината на пазарот и можностите за раст низ регионот.

Преглед на дигиталната подготвеност, WB DESI индексот, дигиталните вештини и Индексот на мрежна подготвеност (NRI) во Западен Балкан.

Користење на интернет меѓу поединците и претпријатијата, оценувајќи ја подготвеноста за е-трговија.

Преглед на преферирани начини на плаќање и предизвиците во финансиската инфраструктура.

Евалуација на логистичките перформанси и клучните предизвици со кои се соочуваат е-трговците.

  • Преглед на регулативите кои влијаат на е-трговијата низ регионот.

Податоци за стапките на онлајн купување, однесувањето на е-купувачите и учеството на претпријатијата во е-трговија.

Податоци од истражување за предизвиците на е-трговците, со фокус на проблемите со плаќање.

Smart POS – Овозможување на бизнисите со иновативно решение за плаќање.

Гледиштата на Асоцијациите за е-трговија за развојот на е-трговијата во секоја земја и нивната улога.

Идентификувани можности за надминување на предизвиците и поттикнување на раст

Цели и методологија

Презентација од клучните сознанија од извештајот за е-трговијата во Западен Балкан

Видео презентација до клучните сознанија од извештајот за е-трговијата во Западен Балкан

Извештајот за е-трговијата во Западен Балкан at a glance