Е-ТРГОВИЈА: СУПЕРМОЌ ЗА ЛОКАЛНИТЕ БИЗНИСИ

ОТВОРИ БЕСПЛАТНО ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА

Иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2” има за цел да поддржи 20 микро, мали и средни компании кои сѐ уште не продаваат онлајн да започнат и бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со софтверско решение, како и да ги едуцира за како правилно да продаваат онлајн по отворање на е-продавницата.

ЈАВНИОТ ПОВИК Е НАМЕНЕТ ЗА

микро, мали и средни претпријатија

кои не ги нудат своите производи/услуги за онлајн продажба, а кои сакаат да започнат со онлајн продажба

ШТО ДОБИВАШ?

Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра за отворање своја е-продавница во рамки на една од понудените маркетплејс платформи или своја е-продавница креирајќи сопствено софтверско решение преку понудените компании, како и  маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите.

*Вредносниот пакет ќе се исплаќа директно на одбраните маркетплејс платформи или IT компании за отворање на е-продавницата, техничка поддршка, маркетинг активности итн.

Во текот на месец јуни 2024 година најмногу двајца претставници од одбраните компании ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневен практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ со физичко присуство, каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.

Селектираните компании  кои ќе започнат да продаваат онлајн и присуствуваат на едукативниот семинар ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ

Да е регистриран правен субјект и да е микро, мало или средно претпријатие

Да не ги продава своите производи и/или услуги онлајн моментално (преку своја е-продавница или онлајн маркетплејс)

Да има комплетно пополнета 
апликација/пријава

ПАРТНЕРИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА

Маркетплејс платформи
ИТ компании за градење на сопствени решенија

За отворање на е-продавниците поддржаните компании за отворање на е-продавница ќе имаат можност да одберат од понудите на предефинираните партнери на иницијативата. Секој од партнерите ќе достави понуда до избраната компанија, по што компанијата ќе направи избор со кој од партнерите ќе соработува за отворање на сопствена е-продавница.

Оваа иницијатива се имплементира со поддршка на: