Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка од ФИТР, како дел од јавниот повик “КРЕАТОН” изработи веб платформа за дигитални услуги достапни за сите граѓани на нашата земја.

Веб платформатаДигитални услуги за сите”  има за цел да ги презентира сите дигитални можности кои им стојат на располагање на граѓаните кои поради ограничувањето на движењето се останати дома, но од друга страна во целост да ги презентира предностите кои со себе ги носи дигитализацијата. Освен тоа, дигиталната платформа се стреми кон едукација на населението, зајакнување и зголемување на дигиталните вештини на корисниците.

Бесплатната едукативна веб платформа се состои од три различни видови на дигитални услуги: бесплатни алатки, онлајн продавници и онлајн плаќање на сметки кои го олеснуваат секојдневието на сите граѓани, притоа овозможувајќи продуктивно користење на слободното време поради нивната достапност.