Од каде и колку се купува онлајн со странски платежни картички од македонските е-трговци?

АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, според кои, странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21.76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618,932 трансакции […]