ЈАВНИОТ ПОВИК Е ЗАТВОРЕН ЗА АПЛИКАЦИИ

Подобри ги твоите дигитални вештини

Зголеми ги твоите дигитални вештини и стигни до што повеќе купувачи со помош на е-трговијата!
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во рамки на проектот „Дигитално подготвени за е-трговија“ поддржан од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project (EDGE) објавува јавен повик за поддршка на микро, мали и средни претпријатија за отварање на нови 30 е-продавници на домашните маркетплејс платформи.

Кој може да аплицира?

Микро, мали и средни претпријатија кои немаат своја е-продавница и доаѓаат од следниве три сектори

Агро производители

Производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук

Туризам

Екотуризам, рурален туризам, адреналински туризам

Производи од дрво и мебел

Лесно производство – преработка на дрво и производство на мебел

Облека и текстил

Лесно производство – Облека и текстил

Зголеми ги твоите дигитални вештини и научи да продаваш онлајн!

ЈАВНИОТ ПОВИК Е ЗАТВОРЕН ЗА АПЛИКАЦИИ

Сите информации поврзани со јавниот повик може да ги прочитате на следниов линк

Што добиваат учесниците?

Едукација

Три еднодневни тренинг сесии со физичко присуство на теми за подобрување на дигитални вештини и зголемување на продажба со е-трговија од експерти со долгогодишно искуство во областите на е-трговија и дигитален маркетинг

Зголемена продажба

Пласирање на своите производи и услуги на локалните маркетплејс платформи за е-трговија, со што се овозможува пристап до нови потенцијални купувачи и зголемена продажба од повеќе локации

Сертификат

Сертификат за успешно завршена обука и учество во проектот „Дигитално подготвени за е-трговија“ поддржан од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project (EDGE)

Оваа програма ги поддржува домашните индивидуални производители и бизниси во нивната дигитална трансформација преку едукативни тренинг сесии и отварање на свои е-продавници на локалните маркетплејс платформи.
ИМПЛЕМЕНТАТОРИ НА ПРОЕКТОТ СЕ

Програмата е реализирана со поддршка на Регионалниот проект на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата – ЕДГЕ