Онлајн студентски хакатон "Хакирај ја сивата економија во Е-трговијата"

Во периодот од 14.05.21-16.05.21 се одржа првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, во организација на АЕТМ, во соработка со ФИНКИ и Економски факултет – Скопје. Десет тимови составени од студенти од Економски факултет, Скопје и ФИНКИ работеа на креативни решенија одговарајќи на еден од двата поставени предизвици.

Предизвик за овој хакатон

“Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?”

Предизвикот беше поделен во две категории, а секој тим креираше решение за една од нив:

Победнички решенија од хакатонот

По 48 часовна работа на тимовите кои беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор, академијата, како и институциите УЈП и Царинската управа, студентите ги презентираа своите решенија пред жири комисијата составена од Д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ, Проф. Д-р Димитар Трајанов, од ФИНКИ и Проф. Д-р – Ежени Брзовска, од Екононски факултет – Скопје. По евалуацијата од жирито, беа прогласени три победнички тимови чии концепт решенија се состоеа од:

#1 ПОБЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ – PROVERIPRODAVNICA.COM

proveriprodavnica.com e веб екстензија за google chrome пребарувач која прави автоматска проверка на валидност на одредена е-продавница согласно регистарот на е-трговци. Креатори на ова решение се ТИМ – ECONOMY SOLUTIONS, кој е составен од пет студенти од ФИНКИ и Економски факултет Скопје:

#2 ПОБЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ – NATAPET.MK

natapet.mk – веб платформа каде може да се прочитаат и остават рецензии за е-трговци со цел да се информираат е-купувачите за валидноста и интегритетот на е-продавниците во Македонија. Креатори на ова решение се ТИМ – HALFPACE, кој е составен од четири студенти од ФИНКИ и Економски факултет Скопје:

#3 ПОБЕДНИЧКО РЕШЕНИЕ – PROVERIPAKUPI.MK

proveripakupi.mk – регистар на сите регистрирани е-продавници со категоризација за лесно навигирање и проверка на регистрираните е-трговци. Креатори на ова решение се ТИМ – ECONOMY DEBUGGERS, кој е составен од четири студенти од ФИНКИ и Економски факултет Скопје
За победничките решенија беше обезбеден награден фонд од 3000 евра кој им послужи за нивна имплементација.

Постигнати резулати со иницијативата:

50 студенти земаа учество и имаат зајакната свест за штетноста од сивата економија за развојот на општеството;
Креирани 3 студентски решенија кои ќе придонесат кон адресирање на сивата економија во е-трговијата.

Оваа иницијатива се реализираше со помош на приватниот сектор