“Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?”
Предизвикот беше поделен во две категории, а секој тим креираше решение за една од нив:
По 48 часовна работа на тимовите кои беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор, академијата, како и институциите УЈП и Царинската управа, студентите ги презентираа своите решенија пред жири комисијата составена од Д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ, Проф. Д-р Димитар Трајанов, од ФИНКИ и Проф. Д-р – Ежени Брзовска, од Екононски факултет – Скопје. По евалуацијата од жирито, беа прогласени три победнички тимови чии концепт решенија се состоеа од:
proveriprodavnica.com e веб екстензија за google chrome пребарувач која прави автоматска проверка на валидност на одредена е-продавница согласно регистарот на е-трговци. Креатори на ова решение се ТИМ – ECONOMY SOLUTIONS, кој е составен од пет студенти од ФИНКИ и Економски факултет Скопје:

50 студенти земаа учество и имаат зајакната свест за штетноста од сивата економија за развојот на општеството;
Креирани 3 студентски решенија кои ќе придонесат кон адресирање на сивата економија во е-трговијата.
Оваа иницијатива се реализираше со помош на приватниот сектор
