Градиме подобра заедница за е-трговија

Во текот на 2023 и 2024 година, АЕТМ со поддршка од USAID и Strategic Development Consulting (SDC), го реализираше проектот „Градиме подобра заедница за е-трговија во Македонија“.

Проектот се фокусираше на создавање побезбедна онлајн средина преку промовирање на регистрираните и верификуваните е-трговци, и креирање на нова веб платформа ecommerce.mk/badge за автоматизирање на процесите за здобивање и одржување на Беџот за верификуван е-трговец, и подобрување на услугите кои е-трговците ги добиваат од АЕТМ. 

Клучен резултат од проектот беше развојот на веб платформата и новите автоматизирани функционалности кои го поедноставија процесот на аплицирање, плаќање и управување со Беџот за верификуван е-трговец. Дополнително, беа воведени и категоризиран регистар на сите е-продавници во нашата земја и  дедицирана страница за поплаки од онлајн купување, функционалности кои овозможија поголема транспарентност и безбедност во онлајн купувањето. Парателено, преку бројни медиумски кампањи и стратешки партнерства, се работеше и на подигнување на свеста за безбедно онлајн купување. 

Во рамки на проектот, исто така, 15 микро и мали бизниси добија бесплатен Беџ за верификуван е-трговец, а беше организиран и првиот E-badge Day, каде што над 40 верификувани е-трговци се едуцираа за дигитален маркетинг и AI алатки. 

Во рамки на проектот беа потпишани и 3 меморандуми за соработка со останати организации за подобра заштита на потрошувачите и борба против нелегалната трговија и тоа – со Агенцијата за пошта, Организацијата на потрошувачи и REACT.

Клучни постигнувања

Развој и лансирање на ecommerce.mk/badge – целосно автоматизирана платформа за аплицирање, плаќање и управување со Беџот за верификуван е-трговец

Развој на категоризиран регистар на сите 1700+ регистрирани и верификувани е-продавници во Македонија, овозможувајќи поголема транспарентност за потрошувачите

Поедноставен и автоматизиран процес на верификација, со дигитализирани апликации, автоматизирани фактури, кориснички профили и известувања

Развој на дедицирана страница за поплаки каде што потрошувачите можат да се информираат за релевантни институции за пријавување нерегуларности во е-трговијата

Поддршка за 15 мали бизниси – 15 микро и мали е-продавници добија бесплатен Беџ за верификуван е-трговец како дел од проектот

Организирање на првиот „E-badge Day“, со фокус на едукација за дигитален маркетинг и AI алатки, посетен од 40+ верификувани е–трговци

Зголемена јавна свест и доверба, преку PR активности, соработка со медиуми и кампањи за информирање на потрошувачите

Поддршка преку институционални партнерства – потпишани 3 меморандуми за соработка со релевантни организации, вклучувајќи ја Агенцијата за пошти, Организацијата на потрошувачи на Македонија и REACT, со цел подобрување на заштитата на потрошувачите и борба против нелегалната трговија

Долготрајно влијание

Преку овој проект, АЕТМ ја зголеми достапноста на доверливи онлајн продавници за потрошувачите, овозможи подобрени услуги за своите членови и ја автоматизираше работата на својот тим, овозможувајќи поефикасно управување со процесите. Новата веб-платформа ecommerce.mk/badge ќе продолжи да се развива со нови функции, а кампањите за промоција на безбедни е-продавници ќе останат континуирана активност на АЕТМ.

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.