ГЕО-БЛОКИРАЊЕ ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во периодот од декември 2021 до февруари 2022 правеше анализа на пазарите кои се дел од ЦЕФТА државите користејќи mystery shopping и спроведувајќи интервјуа со претставници од мапираните е-продавници со цел да го истражи гео-блокирањето од перспектива на потрошувачите, наметнато од е-продавниците во ЦЕФТА регионот и ja анализираше природата и причините зад идентификуваните гео-блокинг практики. Ова истражување беше спроведено преку „mystery shopping“ на 160 е-продавници во ЦЕФТА регионот. Секоја е-продавница беше подложена на двојна опсервација од два доделени маркети од „мистериозни купувачи“ кои не се домашни, па оттука беа извршени вкупно 320 проценки за „мистериозни“ онлајн купувања од кои 76% беа на производи и 24% на услуги. Беа спроведени 44 интервјуа со претставници од е-продавниците. Студијата беше спроведена од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Србија со поддршка од Секретаријатот на ЦЕФТА – Централноевропски договор за слободна трговија.

ГЕО-БЛОКИРАЊЕ ВО ЦЕФТА РЕГИОНОТ

Клучни поенти

1

Кај 72.5% од е-продавниците во ЦЕФТА регионот се случува гео-блокирање кое ги спречува купувачите од другите ЦЕФТА пазари да купуваат онлајн

2

Гео-блокирањето е најчесто за време на фазата на испорака на процесот на купување

3

Проблемите со царината и испораката, како и недостатокот на униформни и јасни правила и прописи, се сметаат за главни блокирачи од страна на е-продавницитe

Истражувањето се базираше на 4 истражувачки прашања:

Колку е честа практиката на гео-блокирање во меѓупазарното онлајн купување во земјите од ЦЕФТА регионот?

Дали гео-блокирањето е почесто кај продавањето на услуги или производи?

Во која фаза од процесот на онлајн купување се јавува гео-блокирањето и во каква форма?

Која е причината и оправданоста за препознаените практики на гео-блокирање?

Заклучоците од сеопфатната пазарна студија за гео-блокирање беа презентирани на онлајн настан во организација на Секретаријатот на ЦЕФТА, насловен „Отстранување на неоправданото гео-блокирање во е-трговијата во ЦЕФТА“ на кој присуствуваа близу стотина учесници од регионот меѓу кои претставници на владини институции, невладин и приватен сектор. Наодите од извештајот ќе послужат на патот кон подобрување на екосистемот за е-трговија и кон отстранување на неоправданото гео-блокирање во ЦЕФТА регионот, како дел од агендата зa е-трговија на ЦЕФТА.