Е-ТРГОВИЈА:
СУПЕРМОЌ ЗА ЛОКАЛНИТЕ БИЗНИСИ vol. 2

ОТВОРИ БЕСПЛАТНО ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

до 30 април! 

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ?

АЕТМ во соработка со компанијата Visa објави јавен повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2” со кој 20 микро, мали и средни компании ќе имаат можност бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение.

ЈАВНИОТ ПОВИК Е НАМЕНЕТ ЗА

микро, мали и средни претпријатија

кои не ги нудат своите производи/услуги за онлајн продажба, а кои сакаат да започнат со онлајн продажба

Добиј 1.000 евра вредносен пакет

Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра отворање своја е-продавница во рамки на една од понудените маркетплејс платформи или своја е-продавница со сопствено софтверско решение маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите.

*Вредносниот пакет ќе се исплаќа директно на одбраните маркетплејс платформи или IT компании за отворање на е-продавницата, техничка поддршка, маркетинг активности итн.

Подобри го онлајн присуството со цел добивање на нови клиенти и унапредиги процесите за работа во е-трговија

Во текот на месец јуни 2024 година најмногу двајца претставници од одбраните компании ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневен практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ со физичко присуство, каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.

Селектираните компании ќе се збодијат со сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ

Да е регистриран правен субјект и да е микро, мало или средно претпријатие

Да не ги продава своите производи и/или услуги онлајн моментално (преку своја е-продавница или онлајн маркетплејс)

Да има комплетно пополнета апликација /пријава