Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на првата прес-конференција на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија која ќе се одржи на 29.03.2018 (четврток) со почеток од 13:30ч во ЕУ Инфо Центар во Скопје.

На настанот ќе биде официјализирано основањето на првата Македонска асоцијација за е-трговија и ќе биде презентирана мисијата и програмата за 2018 година. Воедно ќе се споделат и најновите статистички податоци за е-трговијата, развојот низ годините и подготвеноста на Македонија за раст на е-трговијата.

Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Асоцијацијата ќе се залага за инклузивна е-трговија преку елиминирање на бариерите кои стојат на патот со цел подобрување на бизнис климата за раст и развој на е-трговијата во земјава.

Обраќања пред медиумите и присутните ќе имаат:

  • Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Д-р Нина Ангеловска
  • Министерот за информатичко општество и администрација Г-дин Дамјан Манчевски
  • Гувернерот на НБРМ Г-дин Димитар Богов
  • Регионалната директорка на Mastercard за Македонија и Бугарија Г-ѓа Вања Манова

Настанот е под име “Прес-конференција & Launch and Brunch” односно во првиот дел ќе се одвива прес конференцијата за медиумите и присутните, додека вториот дел ќе биде посветен за networking коктел.