Асоцијација за е-трговија на Македонија, во соработка со Царинската Управа и DHL организира едукативен настан каде што е-трговците ќе имаат можност да слушнат за поедноставените царински постапки директно од претставници од Царинската управа.

?Зошто?
Затоа што еден од главните предизвици на компаниите се комплексните административни и царински процедури како и високите цени за изводот кои ја намалуваат конкурентноста на домашните е-трговци.

?За кого е наменет настанот?
За сите е-трговци и компании кои што продаваат или сакаат да ги продаваат своите производи на странски пазари

Што ќе дознаеш?
? како да продаваш-извезуваш надвор од Македонија?
? кои се поедноставените постапки на Царинската управа
? како се врши увоз и извоз
? како да направиш поврат на ДДВ
? како да ги минимизираш трошоците за испорака

Учеството е бесплатно. Задолжително регистрирајте се на https://ecommerce.mk/nastan-carina

АГЕНДА:
➡️ Обраќање на г-дин Јован Деспотовски – директор на Фонд за иновации и технолошки развој
➡️ Обраќање на г-дин Ѓоко Танасоски – директор на Царинска управа
➡️ Обраќање на д-р Нина Ангеловска – Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
➡️ Презентација: г-дин Златко Ветеровски – Помошник директор на Сектор за царински систем
➡️ Презентација: г-ѓа Офелија Бајо – Началник на Одделение за царински и даночни постапки.
➡️ Презентација: г-ѓа Марина Антова – Sales Supervisor DHL Express Macedonia
➡️ Networking

*Настанот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

?Повеќе за инспирацијата и за Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Како еден од предизвиците кои е-трговците го имаа потенцирано преку одговори на анкетните прашалници за потребите на извештајот од сеопфатната Анализа за е-трговијата во Македонија, беше и проблематиката со административните пречки и царинските процедури, како и високата цена за царински процедури, која влијае и на цената на производот, а со тоа ја намалува конкуретноста на истиот. Токму тие одговори се главниот поттик за организирање на еден настан од ваков тип.

Асоцијацијата за е трговија на Македонија е прва и единствена асоцијација која се стреми кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата.

Ние веруваме дека иднината за подобра Македонија е во дигитална Македонија и smart општество, а е-трговијата е интегрален дел од едно такво општество.

Се гледаме на 13.09.2018г. во 15:00 часот! ?