ДИГИТАЛНО ПОДГОТВЕНИ ЗА Е-ТРГОВИЈА

Проектот „Дигитално подготвени за е-трговија“ (енг. Digitally Fit for E-commerce) реализиран од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Албанија, а поддржан од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project (EDGE) имаше за цел да поддржи 60 микро, мали и средни претпријатија од Македонија и Албанија да ги зајакнат своите дигитални вештини, подетално да ги запознае со светот на е-трговијата и да им помогне да започнат со продажба на своите производи и услуги на некоја од локалните маркетплејс платформи во двете земји.

Проектот беше составен од 3 фази и се одвиваше паралелно во двете земји

ФАЗА 1

Избор на компании преку јавен повик, анализа на нивните потреби за дигитални вештини и креирање на извештај од резултатите и креирање на предлог за едукативни обуки согласно оценетите потреби.

ФАЗА 2

Креирање на едукативна програма и организација на три дедицирани обуки со физичко присуство на теми поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг, согласно мапираните потреби на избраните компании.

ФАЗА 3

Избор на маркетплејси и поврзување на избраните компании со платформите, со цел  отворање на нивен нов продажен канал – е-продавница во рамки на една од маркетплејс платформи кои се дел од програмата.

ФАЗА 1

На јавниот повик во С. Македонија беа добиени вкупно 80 апликации, каде што од страна на стручна жири комисија која е дел од екосистемот на е-трговијата беа избрани 30 микро, мали и средни претпријатија. На јавниот повик во Албанија пак, беа добиени вкупно 58 апликации, каде што по истиот процес беа избрани 30 микро, мали и средни претпријатија кои ќе бидат дел од програмата. До избраните апликанти беа испратени прашалници со цел да се направи анализа на нивните потреби за зголемување на дигиталните вештини. Врз основа на одговорите и нивните потреби беше направена сеопфатна анализа на потребите и беа конципирани едукативните сесии.

ФАЗА 2

По креирање на едукативна програма, беа оддржани 3 дедицирани едукативни обуки кои беа креирани со цел да ги задоволат потреби за подобрување на дигитални вештини поврзани со е-трговија и стигнување до повеќе онлајн купувачи на 30 микро, мали и средни претпријатија кои немаат своја е-продавница и доаѓаат од следниве сектори:

ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО И МЕБЕЛ

Лесно производство – преработка на дрво и производство на мебел

ОБЛЕКА И ТЕКСТИЛ

Лесно производство – Облека и текстил

АГРОПРОИЗВОДИТЕЛИ

Производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук

ТУРИЗАМ

Екотуризам, рурален туризам, адреналински туризам

Во С. Македонија, обуките се оддржаа во период од 15.12.2023 до 21.12.2023 во просториите на ИННО-ФЕИТ, додека пак во Албанија обуките се оддржаа во Тирана во периодот од 10.01 до 12.01.2024.

Обука 1 - Позиционирање на вашиот бренд на преполниот пазар со вистинска содржина

На првата од трите обуки со Дарјан Раденковиќ од Жар Птица преку активна дискусија и темелна разработка на 10 прашања им помогна на учесниците да ја постават основата за комплетна бренд стратегија како прв чекор за станување “Дигитално подготвени за е-трговија”.

Обука 1 - Брендирање, истражување на пазарот и аналитика на податоци

Во првата тренинг сесија, предводена од Валер Пиндери, Далип Бали од Gjejе Вете и Најада Балани од Хермекс, учесниците навлегоа во сложеноста на брендирањето и истражувањето на пазарот со фокус на потенцијалот за е-трговија. Сесијата беше отворена со сеопфатен преглед на брендирањето, истакнувајќи ги клучните концепти и нивното значење во разбирањето на сегментацијата на клиентите. Обуката потоа премина на вториот модул, кој опфаќа истражување на пазарот и евалуација на деловниот потенцијал во е-трговијата.

Обука 2 - Создавање ефикасна стратегија за дигитален маркетинг и избирање на вистинските маркетинг канали за вашиот бизнис

На втората обука од едукативната програма “Digitally Fit for E-commerce” Мартин Китановски, CEO на Monks.Agency со учесниците сподели информации преку кои подобро го разбраа маркетингот, дигиталниот маркетинг, storytelling-от и како сите овие компоненти можат да им помогнат подобро да го позиционираат својот бренд во дигиталниот свет.

Обука 2 - Вовед во дигитален маркетинг

На втората тренинг сесија, разновиден тим од предавачи меѓу кои Лаиди Феруни, Валер Пиндери, Саби Османи, Флобес Субаши и Герти Бошњаку излегоа на сцената за да истражуваат во светот на дигиталниот маркетинг. Сесијата беше поделена на два модула, секој дизајниран да ги опреми учесниците и со основно знаење и со напредни стратегии за дигитален маркетинг.

Обука 3 - Продажба и анализа на податоци за зголемен раст на бизнисот

За време на третата обука присутните учесници од Денис Ампов, Country Manager за Ananas.mk имаа можност да слушнат повеќе за тоа како со следење на одредени метрики и анализа на податоци може да се дојде до зголемен раст на бизнисот. Обуката беше заокружена со доделување на сертификати за успешно комплетирана програма и нетворкинг дружење со сите учесници.

Обука 3 - Mетрика водени од податоци за проширување на бизнисите со е-трговија

За време на третата обука, експертски панел од предавачи – Лаиди Феруни, Валер Пиндери, Саби Османи, Флобес Субаши и Герти Бошњаку – ги споделија своите сознанија за проширување на деловните можности и оптимизирање на операциите на е-трговија. Сесијата беше структурирана во два остроумни модули, секој фокусиран на различни аспекти на истражување на пазарот и стратегии водени од податоци.

Модул 1 се фокусира на истражување на три значајни пазари кои претставуваат ветувачки деловни можности. Вториот модул се фокусираше на користење на метрика водени од податоци за проширување на бизнисите со е-трговија.

По завршување на обуките беше направено мерење на резултатите преку онлајн анкета наменета за учесниците на програмата со цел да се добијат повратни информации за квалитетот и нивото на знаење стекнато во текот на едукативните сесии и беа доделени сертификати за учество на обуките.

ФАЗА 3

Избраните производители и компании своите е-продавници ги отворија на следниве маркетплејс платформи

Ananas
Paket-mk
Mitra
aladini-logo-1555171843

Продавниците кои се отворени во Албанија на aladini.al ќе бидат објавени наскоро

gjvlogo

Продавниците кои се отворени во Албанија на gjevete.al ќе бидат објавени наскоро

Резултати од овој проект

Овој проект ги поддржа домашните индивидуални производители и бизниси во нивната дигитална трансформација преку едукативни тренинг сесии и отворање на свои е-продавници на локалните маркетплејс платформи.

ОТВОРЕНИ 60+
Е-ПРОДАВНИЦИ

Над 60 е-продавници беа отворени во рамки на локалните маркетплејс платформи вкупно во двете земји за времетрање на проектот. 60 ММСП (по 30 во Македонија и Албанија) преку оваа иницијатива ги пласираа производите онлајн и ја отворија можноста за поголем број на потрошувачи за нивните производи.

ЗГОЛЕМЕНИ ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ НА 60 КОМПАНИИ

Оддржани 3 еднодневни тренинг сесии со физичко присуство паралелно во Скопје и Тирана, на теми за подобрување на дигитални вештини и зголемување на продажба со е-трговија од експерти со долгогодишно искуство во областите на е-трговија и дигитален маркетинг.

ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА 60 КОМПАНИИ СО Е-ТРГОВИЈА

Поддржани 30 микро мали и средни бизниси од С. Македонија и 30  микро мали и средни бизниси од Албанија во нивната дигитална трансформација, едукација, вмрежување со клучни фактори од заедницата со е-трговијата.  

ИМПЛЕМЕНТАТОРИ НА ПРОЕКТОТ

Програмата е реализирана со поддршка на
Регионалниот проект на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата – ЕДГЕ