[EcomConf Partner] Јасна Трпкоски: Со тимска работа, упорност и внимателно слушање на корисниците создадовме бренд што луѓето го сакаат и му веруваат

Со над 160.000 активни корисници и просечно време на испорака под 30 минути, Korpa го трансформира начинот на кој луѓето купуваат и добиваат храна и производи. Во ова интервју, зборуваме со Јасна Трпкоски, CEO на Korpa.mk, Food & Delivery Partner на E-commerce Conference, за новите услуги кои можат да ги очекуваат учесниците, предизвиците на брзата […]

[EcomConf Partner] Марија Анастасовска: Клучот e во комбинирањето на човечката креативност со автоматизирана ефикасност

Во светот каде алгоритмите ја обликуваат содржината што ја гледаме, продуктите што ни се нудат па дури и во информациите што ни се пласираат, е-трговијата не само што се развива многу брзо, таа станува и многу поефикасна. Во центарот на оваа трансформација е генеративната вештачка интелигенција (GenAI) – технологија која нуди автоматизација, персонализација и побрзо […]

Cro Commerce конференција: AI – можност, но и најголема закана за онлајн трговијата

Загреб, 15 октомври 2025 Додека технолошкиот развој сè повеќе го обликува нашето секојдневие, алатките засновани на вештачка интелигенција (AI) стануваат и главен извор на бројни интернет измами. Затоа, здружението eCommerce Хрватска го лансираше системот Safe Shop, со цел да им помогне на онлајн трговците да изградат и одржат доверба кај своите купувачи. Повеќе од 50% […]

[Интервју] Јаглика, РСМ Македонија: Сметководството не е само бројки – тоа е стратегиска алатка за раст на бизнисите

РСМ Македонија веќе две години е член во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Може ли да ги запознаеме читателите малку повеќе со работата на РСМ. Кои се РСМ и по што се препознатливи? Јаглика: РСМ Македонија е дел од глобалната мрежа РСМ – една од водечките светски организации за ревизија, сметководство, даночен и бизнис консалтинг, […]

[E-comConf Partner] Петар Ниновски: Најголемата грешка во 2025 не е да пробате нешто со AI и да згрешите, туку да не започнете воопшто

Brainster е AI партнер на овогодинешната 8-ма регионална конференција за е-трговија. Кои се вашите очекувања од ова партнерство и каква улога мислите дека ќе има вештачката интелигенција во е-трговијата во следниот период? Очекувам да покажеме како AI веќе денес ја редефинира е-трговијата. Последниот потег на OpenAI, можноста корисник да купи директно во чатбот, е јасен […]

Во првите шест месеци годинава реализирани за онлајн трансацкии вредни 456.3 милиони евра, раст од 34.3% споредено со минатата година

Вредност на реализирани трансакции Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како […]

Јавен повик: Бесплатни верификации на 10 е-продавници за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец

Неодамна објавивме јавен повик за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на годинешната национална кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, која се реализира со поддршка на компанијата Visa. Поради големиот интерес и позитивните резултати од претходните повици во претходните две години, и оваа […]

IT4Charity: Кога секој чекор значи нов почеток за едно семејство

Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско село во Градскиот Парк во Скопје. И покрај сите предизвици во  ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште […]

CRO Commerce 14.10.2025 – Конференција за иднината на е-трговијата во ерата на вештачката интелигенција

AI е “to be or not to be” во е-трговијата – бидете спремни на промени Заборавите на стариот начин на работење во е-трговијата – она што вредело пред неколку месеци денес е застарено. На CRO Commerce конференцијата повторно ќе се зборува за најактуелните трендови и технологии кои ја обликуваат сегашноста и иднината на е-трговијата, а […]

[E-comConf Partner] Атила Селим, Halkbank: Стремеж кон намалување на доминацијата на cash on delivery преку сигурни услуги, поволности и партнерства со е-трговците

Во интервјуто со Атила Селим од Халкбанк – стратешки партнер на 8. Регионална конференција за е-трговија – зборувавме за улогата на банката во поддршка на микро, мали и средни бизниси, особено во е-трговијата. Халкбанк го истакна значењето на сигурни и модерни платежни решенија, а тема беа и новите услуги како Pay by Link, Apple Pay […]

[E-comConf Partner] Денис Ампов, Ananas.mk: Навремена и сигурна испорака како заедничка цел од првиот ден со нашите партнери

Во интервју за Ecommerce.mk, Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk, зборува за визијата платформата да стане прво место за онлајн купување во Македонија. Тој открива како Ananas.mk ги поставува новите стандарди за доверба, брзина и грижа за клиентите, инвестира во логистика и отвора врати за интернационални продавници – чекор што ќе го поврзе македонскиот е-комерц […]

Глобалните гиганти доаѓаат во Скопје: TikTok, Booking и Dolce & Gabbana на Конференцијата за е-трговија 2025

На 4 ноември 2025 година, Скопје повторно ќе биде центарот на е-трговијата на Балканот. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), на 4ти ноември ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија, во просториите на Националната опера и балет. Овој настан претставува најголемата и највлијателна конференција од ваков тип во регионот, која […]

Најголемата холандска e-comm платформа Bol ја отвора платформата за продавачи од земји надвор од ЕУ

Bol, најголемата онлајн платформа за онлајн продажба во Холандија, за првпат им овозможува на продавачи од надвор од Европската Унија да ѝ се придружат. Оваа година се очекува првите 100 продавачи од земји надвор од ЕУ да почнат со работа на платформата. Компанијата нагласува дека ќе има строг квалитетен надзор за понудите од земји како […]

[E-commerce Industry Talks] Ananas.mk – Приказна за брз раст, доверба и нови стандарди во македонската е-трговија

Кога пред нешто повеќе од две години маркетплејс платформата Ananas.mk влезе на македонскиот пазар, прашањето кое сите го поставуваа беше: дали и колку е подготвена една нова платформа да изгради доверба кај потрошувачите и партнерите во толку краток рок? Од денешна перспектива, одговорот е повеќе од јасен. Ananas.mk не само што ја доби довербата, туку […]

Електронски пари во Македонија – Како ќе придонесат за модернизација во плаќање и олеснување на е-трговијата 

Што значи лиценцирањето на Институции за електронски пари во Македонија и зошто e ова голема вест за секој граѓанин? За првпат во нашата земја, НБРМ издаде лиценци на институции за електронски пари и давање платежни услуги, кои покрај банките ќе претставуваат нов тип на финансиски институции што ќе нудат услуги за управување со личните финансии […]

Нов играч во е-трговијата: ChatGPT го менува онлајн купувањето

OpenAI развива систем за плаќање кој ќе овозможи купување производи директно преку ChatGPT – без напуштање на разговорот. Според Reuters, трговците ќе ѝ плаќаат провизија на компанијата за секоја продажба. Тоа претставува нов начин за монетизација, откако OpenAI загуби 5 милијарди долари минатата година, и покрај тоа што оствари приходи од 10 милијарди долари. OpenAI […]

Како до ефективен текст под вашите објави (social media captions)

Кога објавувате на социјалните мрежи, важен дел од објавата е текстот што оди со фотографијата или видеото – познат како caption. Добриот caption не само што додава контекст, туку и го привлекува вниманието, охрабрува интеракција и помага да ги остварите целите на вашата маркетинг стратегија. Во оваа статија, ќе ви покажеме како да креирате social […]

Повторливи плаќања во Македонија: Сè повеќе се претплаќаме онлајн – од сметки до слушање музика

Е-трговијата во Македонија продолжува да расте, а со неа и навиките на потрошувачите. Сè повеќе граѓани се одлучуваат за плаќање онлајн, а особено е интересен порастот на повторливите плаќања, како што се месечни претплати за содржини, сметки или услуги, како што согледавме во анализата на АЕТМ на податоците за Q1 2025 за е-трговија од НБРСМ. […]

Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен

Долгooчекуваната платежна услуга Apple Pay наскоро ќе стане реалност и за корисниците во Македонија. Компанијата Apple веќе споделила насоки и технички упатства со домашните банки, а услугата ќе биде достапна откако институциите ќе ја потврдат својата техничка подготвеност. Според неофицијални информации, стартот се очекува во септември 2025 година. Ова претставува важен чекор за дигитализацијата на […]

Подобрување на корисничкото искуство со pop-ups и гејмификација

Лошото корисничко искуство на е-продавниците води до висок процент на напуштени кошнички. Гемификацијата, процесот на примена на принципите на играта во онлајн продавниците за да се поттикне учеството, може да ја зголеми конверзијата и лојалноста на клиентите. Ecommerce News разговара со Claspo за корисни начини за имплементација на овие pop-ups.  Гeмификацијата е популарен метод меѓу […]

Пораст од 32% на вредноста и 37% на бројот на направените трансакции од Македонци кон странски е-трговци

Вредност на реализирани трансакции Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Северна Македонија во првите три месеци од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели […]

Интервју со Срна, twobyfour: Маркетингот не се состои само од убава креатива – туку анализа, структура и јасна хипотеза која носи резултати

АЕТМ: Може ли да ни објасните што претставува twobyfour? Срна: Two by Four (twobyfour.mk) е маркетинг и консултантска агенција која ја основав од желба да создадам тим кој не само што креира креативни решенија, туку и дава реални резултати за клиентите. Сè започна од личното искуство и сфаќањето дека на многу компании им недостасува партнер […]

Дизајн што продава: водич за успешен дизајн на е-продавница

Дизајнот е комуникација. Тоа е разговор. Има моќ да ја освои публиката, да пренесе информации и да предизвика емоции – сето тоа директно влијае на донесувањето одлуки кај купувачите. Добриот дизајн го подобрува квалитетот на разговорот. Особено со е-трговијата, на купувачот сакате да му ги дадете информациите што му се потребни за да се чувствува […]

AliExpress започнува со fulfillment во Европа

Fotokon / Shutterstock.com

Кинескиот онлајн маркетплејс AliExpress ја лансира новата услуга Local+, решение за fulfillment (логистика и достава), преку кое продавачите ќе можат целосно да ја префрлат испораката на платформата. AliExpress веќе има неколку магацини во Европа, што значи побрза испорака до потрошувачите. Оваа вест беше објавена оваа недела преку официјално ПР соопштение. Со започнување на fulfillment услугите, […]

Pinterest Advertiser Summit 2025: Бесплатен онлајн настан за нова димензија во маркетингот

Pinterest ја проширува својата присутност во Европа, вклучувајќи ги и новите пазари од регионот на Централна и Источна Европа. По тој повод, Aleph и Pinterest организираат бесплатен онлајн самит кој ќе им помогне на брендови, маркетери и е-трговци да откријат иновативни начини за зголемување на ефективноста на нивните кампањи на Pinterest. Ова е одлична можност […]

Интервју со Марија и Кире од Coslovemetics и BebeHome: Од лична потреба до претприемачко решение: патот до два препознатливи брендови

Од лична потреба до препознатливи брендови – приказната на Coslovemetics и BebeHome Кога претприемништвото произлегува од личното искуство, резултатот е искрен, автентичен и инспиративен бизнис. Таква е и приказната на Марија и Кире Крстевски – сопружници, родители и ко-основачи на два успешни бренда: BebeHome, платформа за бебешки и детски производи, и Coslovemetics, денес препознатлив синоним […]

Интервју со Кристијан, akcija24.mk: Иднината на македонската е-трговија е светла – но само ако инвестираме во луѓе, во логистика и во довербa

Од идеја инспирирана од фрустрирачко склопување кујна до најголемата онлајн платформа за мебел во Македонија – приказната на Akcija24.mk е доказ дека најдобрите бизниси настануваат од вистинска потреба. Во ова интервју со Кристијан Димоски, основач на Akcija24.mk, откриваме како изгледал патот од првата нарачка до 110.000+ задоволни домови, кои се дигиталните алатки зад нивниот раст, […]

Секундите што продаваат: Моќта на кратките видеа во маркетингот

Во време кога вниманието е најскапоцениот ресурс, брендовите сè повеќе се натпреваруваат кој побрзо и поефективно ќе го привлече вниманието на својата публика. Токму тука се појавуваат кратките видеа – содржина што успева да испорача порака за само неколку секунди, и тоа со огромно влијание. Според HubSpot Marketing Trends Report 2025, кратките видеа се најчесто […]

Нови корисни аналитики на LinkedIn – еве како да ги користите

На 28 мај, LinkedIn објави сет на нови аналитики за обезбеди подобар увид во интеракцијата на вашите следбеници со вашите поединечни објави. Оние кои имаат LinkedIn Premium ќе имаат пристап до најширокиот спектар на нови метрики, но корисниците кои имаат regular профили исто така ќе можат да имаат корист. Запознај сè со новите аналитики Како […]

Интервју со Моника Каџибанова, Aleph: Pinterest има 250.000 активни корисници во Македонија – време е бизнисите да го искористат

Моника Каџибанова е дел од тимот на Aleph – глобална компанија со локално присуство која им овозможува на бизнисите полесен пристап до најголемите светски платформи за дигитално рекламирање. Нивната мисија? Да создадат мост помеѓу глобалните можности и локалните огласувачи. Со портфолио што вклучува имиња како Meta, Pinterest, Spotify, TikTok и многу други, Aleph станува сѐ […]