AGRI ECOMMERCE

Во тек е реализацијата на проектот “Agri E-commerce”, поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), каде што беа избрани 15 домашни агро-производители во рамки на Јавниот повик за поддршка за македонски агро производители за пласирање на нивните производи за онлајн продажба.

Преку едукативни активности за зголемување на дигиталните вештини, поврзување и олеснување на соработката помеѓу платформите за е-трговија и агро-производителите (земјоделците) иницијативата има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро производители да ги продаваат своите производи преку Интернет.

Проектот започна во август 2021 и се состои од три фази:

1. Избор на агро-произодители преку отворен јавен повик

Преку јавен повик, 15 Македонски агро производители добија можност бесплатно да ги усовршат нивните дигитални вештини, но и да научат како соодветно да ги пласираат своите производи на домашните веб платформи за е-трговија.

Јавниот повик беше отворен за сите агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија, се регистрирани согласно законите во РСМ и ги исполнуваат условите објавени на јавниот повик.

По аплицирањето на јавниот повик, следеше евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа.

2. Четири обуки за развој и усовршување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг

Во рамки на “Agri e-commerce” проектот се одржаа четири онлајн обуки за развој на дигиталните вештини на агро-производителите на следните теми:

Тренинг #1
Основи на е-трговија
Тренинг #2
Менаџмент на социјални медиуми
Тренинг #3
Моќта на storytelling и алатките за дигитален маркетинг за е-трговија
Тренинг #4
Презентирање на е-трговци и услови за соработка

Првата тренинг содржеше објаснување на основните термини, фактичка состобја на е-трговијата во државата, споредба на можности при пласирање на производите на веб-платформа за е-трговија или онлајн пазар наспроти отворање сопствена е-продавница, регулатива во е-трговијата (процедури, потребни дозволи, ресурси) итн. Вториот тренинг вклучи практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми. Третиот тренинг кој беше со тема Моќта на storytelling-от и алатките за дигитален маркетинг за е-трговија – социјални медиуми, веб-портали, email маркетинг кампањи, текстови за односи со јавноста итн, а четвртиот тренинг пред агро-поризводителите дел од најпопуларните македонски е-трговци ги презентираа нивните услови за соработка  (маржа, провизија, членарина, рекламирање, услови за плаќање, логистика, испорака, начини на пакување, потребни информации за секоја е-продавница, детали за производите, процедури, потребни ресурси итн.)

3. Презентирање на производите на агро-производителите пред е-трговците, поврзување со нив и пласирање на агро-производите на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија

Во декември 2021 домашните агро-производители кои беа избрани во рамки на Јавниот повик, ги претставија своите производи пред претставници од најголемите платформи за е-трговија во нашата земја. 

Претставници од најголемите веб платформи за е-продажба во земјата кои продаваат агро-производи се дел од следните компании: paket.mk, shop.dobrazemja.mk, mitra.mk, domato.mk, grouper.mk, kliknijadi.mk, urma.mk, bavca.mk, domasno.mk, marketonline.mk, ramstore.com.mk, granapdoma.mk. 

По завршувањето на оваа фаза АЕТМ ги поврзува агро-производителите со е-трговците и помага во пласирање на производите на агро-производителите на овие веб-платформи за е-трговија.

КОИ СЕ АГРО ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ?

(Кликнете на сликите за да дознаете повеќе информации за агро-производителите)

B Organic – премиум органски производи

Семејна винарија Бади

Беровски еколошки производи

Биомелан – природни сокови од аронија

Nutz – премиум путер од лешник

TrekkMe – цитрусни деликатеси

Семејна Винарија Пешков

Seed of Life – органски крекери и барови 

Семејна винарија Иванов

Туф – производи од тартуфи

V’K – Fine Craft ракија

Ликом – Маслинки и маслинови масла

Агрокорп – свежо овошје и зеленчук

СИТЕ ПРОИЗВОДИ ДОСТАПНИ НА ЕДЕН КЛИК

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ?

РЕЗУЛТАТИ ОД ОВОЈ ПРОЕКТ

1. Зголемени дигитални вештини на 15 агро-производители;
2. Зголемена понуда на домашни агро-производи на локалните веб платформи за е-трговија преку пласман на дел од производите на агро-производителите;
3. Реализирани онлајн продажби на дел од производите на агро-производителите.

“Agri E-commerce” е поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)