Во тек е реализацијата на проектот “Agri E-commerce”, поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), кадешто беа избрани 15 домашни агро-производители во рамки на Јавниот повик за поддршка за македонски агро производители за пласирање на нивните производи за онлајн продажба.
Преку едукативни активности за зголемување на дигиталните вештини, поврзување и олеснување на соработката помеѓу платформите за е-трговија и агро-производителите (земјоделците) иницијативата има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро производители да ги продаваат своите производи преку Интернет.
Проектот започна во август 2021 и се состои од три фази:

Основи на е-трговија

Менаџмент на социјални медиуми

Моќта на storytelling и алатките за дигитален маркетинг за е-трговија

Презентирање на е-трговци и услови за соработка













“Agri E-commerce” е поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)
