Едукативни Еcommerce Afterwork сесии

Брзиот раст на е-трговијата бара постојано надградување и учење на новите алатки и трендови со цел бизнисите да ги искористат можностите и да го развијат својот бизнис. Со цел зајакнување на дигиталните вештини и зголемување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, со поддршка од Mastercard, АЕТМ организира едукативни и networking Afterwork сесии на теми кои се одлучуваат во зависност од потребите на членовите и актуелните трендови во е-трговијата. Во моментов се реализирани четири Afterwork сесии

#1 Ecommerce Afterwork: Извоз во е-трговија

Во декември, 2019 година во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој ја одржавме првата сесија од серијалот „E-commerce Afterwork сесии”, на тема: „Со извоз до поголема конкуретност на е-трговците. Што треба да знаат сите потенцијални извозници во е-трговијата?”. На оваа сесија, присуствуаа и говореа помошник директорот на Сектор за царински систем, Златко Ветеровски, Офелија Бајо, началник на Одделение за царински и даночни постапки во Царинската управа, Марина Антова, Продажен супервизор во DHL Express Macedonia, Ѓино Шкријељ, генерален директор на Фалкон Логистик и Драги Цветковски, маркетинг директор во Македонска Пошта АД Скопје. Дел од сесијата беа стотина претставници од најразлични компании за е-трговија, кои ги извезуваат или сакаат да ги извезуваат своите производи. На сесијата се разви конструктивна дискусија на која присутните ги образложија проблемите со кои се соочуваат: скапите административни и царински процедури, бавната испорака на производите со релативно големи трошоци, непостоењето на број за следење на пратките кај дел од поштите и нереспонсивност кај дел од поштите на барањата на клиентите.

#2 Ecommerce Afterwork: Имплементација на онлајн плаќање

Во февруари, 2020 година во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој се одржа втората сесија од серијалот „E-commerce Afterwork сесии”, на тема: „Имплементација и предизвици при онлајн плаќање”, организирана од страна на АЕТМ. Сесијата беше наменета за сите постоечки и потенцијални е-трговци, а беше организирана со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој. Целта на оваа сесија беше да се согледаат сите можности поврзани со онлајн плаќање кои ги нудат банките, како и нивните актуелни новости во областа на е-трговијата.

На сесијата, меѓу другото, детално беше објаснет целосниот процес на онлајн плаќање, вклучително и начините за зголемената безбедност и сигурност при онлајн плаќање, со цел заштита и на е-купувачите, и на е-трговците. Присуствуваа повеќе од 100 учесници кои будно ги следеа сите информации презентирани од говорниците. Говорници на панел дискусијата, пак, беа Тина Петкоска од Халкбанк АД Скопје, Вељан Поповски од НЛБ Банка АД Скопје, Стефан Пепоски од Стопанска банка АД Скопје, Филомена Пљаковска Аспровска од процесорот КАСИС и Игор Величковски од Народната банка. Во втората половина од сесијата, Бранислав Марковски од Фондот за Иновации и Технолошки Развој го презентираше активниот повик „Стартапувај 2” наменет за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“.

#3 Ecommerce Afterwork: ГДПР во е-трговијата

За подобро разбирање на новата регулатива за заштита на лични податоци – ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation), обезбедување на навремена стручна подготовка и подигање на квалитетот на примена на Законот за заштитата на личните податоци од страна на е-трговците, АЕТМ ја организираше третата Afterwork сесија во јули 2021 година, на тема: “Да зборуваме за ГДПР во е-трговијата”. За време на настанот, Игор Кузевски кој е експерт во областа на заштита на личните податоци одржа предавање преку кое на присутните им помогна да се запознаат со ГДПР, како и со измените во регулативата за заштита на личните податоци и чекорите што треба да се преземат од аспект на имплементација. По информативното предавање следеше интерактивна дискусија помеѓу присутните членови и предавачот која дополнително придонесе за информирање на членовите околу важноста на ГДПР и заштитата на личните податоци во целост.

#4 Ecommerce Afterwork: 5 Маркетинг резолуции за 2022

Со цел да го прославиме доаѓањето на новата година, како и целата напорна работа која беше остварена во текот на изминатата година, сè со цел нагласување на потенцијалот на е-трговијата во земјата преку реализирање на проекти и иницијативи кои излегуваат во пресрет на оваа брзо растечка индустрија, во декември, 2021 година се одржа четвртата, предновогодишна Afterwork сесија. Дарјан Раденковиќ, Директор за бизис развој во Види Вака имаше излагање на тема “Топ 5 маркетинг резолуции за 2022”, зборуваше за маркетинг резолуциите за кои смета дека се најважни за бизнисите да ги опфатат и имплементираат со цел да имаат успешна 2022. По завршувањето на интерактивната сесија со Дарјан, заедно со нашите членови, соработници, пријатели и партнери без кои македонската е-трговија не би била тоа што е, предновогодишно наздравивме и си посакавме безброј нови успеси во новата 2022.