ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПОДОЛУ ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА.
Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија (АЕТСМ), четврта година по ред, во партнерство со компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на програмата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ vol. 4. Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои немаат е-продавница и сакаат да започнат со онлајн продажба преку нов продажен канал, како дел од постоечка маркетплејс платформа или преку сопствено софтверско решение, како и да ги унапредат своите вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Во рамки на програмата ќе бидат поддржани 15 микро, мали и средни компании кои ќе добијат можност да започнат со онлајн продажба преку бесплатно отворање на е-продавница.
Целта на повикот е да им овозможи на компаниите да отворат е-продавница како дополнителен продажен канал и да ги унапредат своите деловни процеси поврзани со е-трговијата. Преку програмата, учесниците ќе стекнат практични знаења за е-трговија и дигитален маркетинг и ќе бидат во чекор со актуелните трендови, со цел зголемување на видливоста и онлајн продажбата.
Со овој повик, АЕТСМ, во партнерство со компанијата Visa, придонесува кон зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средните компании.
Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра за:
*Средствата се исплаќаат директно кон избраните маркетплејс платформи или ИТ компании.
Одбраните кандидати ќе присуствуваат на еднодневна практична обука „Од локален бизнис до онлајн продавница“, со физичко присуство. Темите вклучуваат:
По завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија – АЕТСМ;
Изборот на компаниите кои ќе бидат дел од програмата за отворање на е-продавница ќе се одвива во месец април 2026 година, по што веднаш ќе се започне просецот на отворање на е-продавниците. Едукативниата обука ќе се одвива еднократно, во текот на месец јуни 2026 година.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да контактираат со тимот на АЕТСМ и со предавачите за отворените прашања поврзани со темите опфатени на обуката, но и со нивното работење.
Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни компании кои во моментот не продаваат онлајн, односно немаат сопствена е-продавница и не се присутни на онлајн маркетплејс, а имаат интерес да започнат со онлајн продажба.
Апликантот треба:
Ќе бидат избрани 15 компании за учество во програмата. Едукативната обука ќе можат да ја посетат најмногу двајца претставници од секоја избрана компанија.
Избраните компании добиваат:
Средствата потребни за програмата за отворање на е-продавница и унапредување на дигиталните вештини поврзани со е-трговија ги обезбедува АЕТСМ, во партнерство со компанијата Visa, преку иницијативата „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија” vol. 4.
Пријавените компании бесплатно учествуваат во програмата, но подлежат на процес на селекција и избор. Партнерите на програмата (ИТ компании и маркетплејс платформи) финансиски или консултантски може да придонесат во поддршката на ММСП во процесот на отворање на е-продавница.
За да се пријавите треба да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до понеделник, 20.04.2026 до 23:59 часот.
Поради ограничен број на учество, ќе се прави избор на учесници кои ќе можат бесплатно да отворат своја е-продавница и да ја следат еднодневната обука за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг. Апликантот треба да ги исполнува следните услови:
Комисија составена од експерти во областа на е-трговијата ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдените критериуми наведени во овој јавен повик ќе ги одбере учесниците кои ќе ја следат програмата за отворање на нова е-продавница и за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
Со цел дополнителна поддршка на жените претприемачи и младите кои успеале да започнат сопствен бизнис, сите жени претприемачи и апликанти под 29 години ќе добијат дополнителни 5 поени.
Рокот за започнување со учество во проектот е веднаш по потпишувањето на договор за учество со АЕТСМ преку кој учесникот ќе се обврзе за следење на бесплатните обуки за развој на дигиталните вештини и поставување на производите во рамки на ново-изградената е-продавница или на некој од локалните маркетплејс платформи.
Доколку се пријавите за учество на Јавниот повик се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. Овие податоци ги собира Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија за потребите на јавниот повик и ќе се користат токму за овие цели.
Апликантите чии апликации ќе бидат избрани ќе бидат јавно објавени на веб страницата на АЕТСМ и ќе бидат контактирани на приложените е-меил адреси.
Секој пријавен апликант го задржува правото да бара бришење на податоците за законските норми и политиката за приватност.
Среќно!