Беџот е визуелна ознака која се поставува само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат, а во исто време ќе ги поминат соодветните проверки од АЕТСМ за неопходните регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.
Беџот е визуелна ознака која се поставува на домашните е-продавници и која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект, проверен од АЕТСМ согласно Правилникот.
Со Беџ за верификуван е-трговец ќе може да се стекне секој е-трговец во С. Македонија кој самостојно ќе аплицира за ваков Беџ за верификација, а во исто време ќе изврши уплата и ќе ги помине соодветните проверки од АЕТСМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.
Пополни кратка онлајн апликација во која ќе одговориш дали ги исполнуваш основните законски услови за работење во е-трговија.
По поднесувањето на апликација потребно е да се изврши уплата. Истата може да се изврши со платежна картичка или фактура.
По извршување на уплатата следува проверка, која ја прави АЕТСМ согласно критериумите за добивање на Беџ.
Доколку ги исполнуваш сите критериуми ќе добиеш потврден email дека си Верификуван е-трговец и инструкции за поставување на Беџот. Доколку не исполнуваш некој критериум ќе добиеш email со корекции кои треба да се имплементираат на е-продавница, за да може да се стекне Беџот за верификуван е-трговец.
Сивата економија, позната и како неформална економија, се однесува на економски активности кои се случуваат надвор од законската рамка и често се карактеризираат со затајување на даноци, регулативи и заштита на трудот. Иако сивата економија може да изгледа корисна за некои поединци или бизниси на краток рок, таа генерално има негативни последици и импликации за бизнисите во е-трговијата и целокупната економија.
Решавањето на активностите во сивата економија е од клучно значење за обезбедување на здрав и одржлив екосистем за е-трговија.
Беџот за верификуван е-трговец е една од иницијацитивите на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ за справување со сивата економија во е-трговијата.
Купувањето од верификувани е-трговци нуди комбинација од безбедност, заштита на потрошувачите, обезбедување на приватност на податоците, обезбедување квалитет и транспарентни деловни практики, што придонесува за посигурно и позитивно искуство за купување преку Интернет.
Решавањето на активностите во сивата економија е од клучно значење за обезбедување на здрав и одржлив екосистем за е-трговија.
Беџот за верификуван е-трговец е една од иницијацитивите на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ за справување со сивата економија во е-трговијата.
АЕТСМ прави годишни случајни проверки на Верификуваните е-трговци. Оваа практика е со цел да се провери дали е-трговецот се придржува до условите со кои го добил Беџот.