Критериуми за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец

Регулатива и општи информации

  • Да има поставено контакт информации, правен субјект, односно седиште / адреса / email односно електронска адреса на веб страницата на е-продавницата
  • Да има поставен единствениот даночен број на компанијата доколку е-трговецот е ДДВ обврзник
  • Да има поставено Политика за приватност и заштита на лични податоци достапна за информирање на корисниците
  • Да има поставено поставени Услови за користење

Кој може да добие Беџ за верификуван е-трговец?

За да се добие Беџ за верификуван е-трговец, секој е-трговец треба да пополни кратка онлајн апликација во која одговара дали ги исполнува основните законски услови за работење во е-трговија. Одговорите од апликацијата кога ќе бидат доставени до АЕТСМ. Се спроведува постапка на проверка од страна на АЕТСМ согласно правилата предвидени со Правилникот.

Доколку е-трговецот е регистриран правен субјект и ги задоволува основните законски услови е-трговецот ќе може да се стекне со Беџ за верификација и ќе му биде испратен Беџот за поставување на неговата веб продавница.

Во спротивно, до е-трговецот ќе се испратат корективни насоки кои доколку ги исполни во рок од еден месец, ќе може да се стекне со беџот. По имплементацијата на корекциите, треба да се извести АЕТСМ за да се направи уште една проверка.

Е-трговецот има право да го промовира Беџот пред своите потрошувачи, со цел зголемување на довербата во неговиот бренд.

АЕТСМ прави формална проверка на веб страницата, односно дали е-трговецот ги поседува потребните основни законски услови за обавување на дејноста, без да го цени квалитетот односно дали содржината на истите е соодветна, ги задоволува сите пропишани норми и се почитува од страна на е-трговецот кон крајните корисници.

Е- плаќање

  • Да прифаќа плаќање со платежна картичка
  • Да се истакнати цените на производите/услугите кои се нудат (со вклучени даноци или други трошоци)
  • Купувачот да добива потврда на неговата email адреса за направена онлајн нарачка

Достава

  • Да има објавено Политика за враќање на производите
  • Да се објавени сите трошоци на кои подлежи купувачот, вклучувајќи ги трошоците за доставата на производите
  • Да е објавен рокот на испораката на производите
  • Да се објавени начините за подигнување / достава на производите

Ценa за проверка на е-трговец и стекнување со беџ за верификуван

Годишниот надоместок за стекнување и обнова на Беџ за верификуван е-трговец, изнесува:

За правно лице кое е член на АЕТСМ

  • Апликација за беџ – проверка на критериуми 

5.990 денари + 18% ДДВ

  • Годишен надомест за Беџ за верификуван е-трговец

3.990 денари + 18% ДДВ

За правно лице кое не е член во АЕТСМ

  • Апликација за беџ – проверка на критериуми 

10.990 денари + 18% ДДВ

  • Годишен надомест за Беџ за верификуван е-трговец

6.990 денари + 18% ДДВ

Напомена: АЕТСМ го задржува правото да ја ревидира/менува цената за Беџот на годишно ниво, со што за таквата одлука ќе го извести верификуваниот е-трговец 30 дена пред да му издаде фактурата за Беџот за следните 12 месеци. По ова, верификуваниот е-трговец има право во рок од 15 денови да се изјасни дали продолжува со користење на Беџот за верификуван е-трговец или не. Доколку е-трговецот не се изјасни, новата цена на Беџот ќе се смета за прифатена и АЕТСМ ќе издаде фактура за користење на Беџ за верификуван е-трговец за следните 12 месеци.

Што претставува беџот за верификуван е-трговец?

Потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници, станува сè поголема во време кога е-трговијата е во подем и  луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн.

Со цел да се доближат до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи и правила за работење во е-трговијата и да се мотивираат постоечките е-трговци да ги имплементираат во своето работење, AETСM воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните законски услови од останатите онлајн продавници кои не ги исполнуваат основните законски услови или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. 

Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со Правилникот.

Добивањето Беџ за верификуван е-трговец и станувањето на верификуван е-трговец се едни од клучните компоненти за градење доверба и кредибилитет на е-продавницата. Во дигиталната ера, каде што потрошувачите се потпираат на онлајн платформи за купување и трансакции, воспоставувањето доверба меѓу купувачите и е-трговците е од огромно значење. Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков Беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТСМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Зошто е важно да си верификуван е-трговец

Верификацијата служи како брза референтна точка за клиентите да ја одредат легитимноста на е-трговецот, но и како алатка за градење доверба. 

Ова се ТОП 5 причини зошто е важно да си верификуван е-трговец:

  • Доверба кај клиентите: Кога потенцијалните клиенти ќе видат дека е-трговецот е вирификуван, тоа влева доверба во бизнисот и неговата легитимност. Верификуваните е-трговци се сметаат за посигурни и доверливи, што може да доведе до повисоки стапки на конверзија и онлајн купувања.
  • Позитивен кредибилитет, видливост и репутација: Верификацијата покажува дека е-трговецот ги исполнил критериуми за добивање со Беџ. Ова го подобрува кредибилитетот и угледот на е-трговците, што ги прави попривлечни за клиентите и партнерите. Верификуваните е-трговци исто така се дел од промотивните активности на АЕТСМ, како и дел од регистарот на Верификувани е-трговци.
  • Подобрена безбедност на е-трансакции: За да се добие Беџ, еден од условите е е-продавницата да има опција за онлајн плаќање со картица и интегрирација со системи за обработка на плаќања. Ова им овозможува на Верификуваните е-трговци да им понудат понепречено искуство за наплата на клиентите и ги олеснува и прави побезбедни онлајн трансакции.
  • Правна усогласеност: Верификацијата вклучува потврдување дека е-трговецот ги исполнува законските и регулаторните барања. Ова го намалува ризикот од правни прашања и за е-трговецот и за е-продавницата.
  • Партнерства и соработки: други бизниси, добавувачи и потенцијални партнери се со поголема веројатност да соработуваат со проверени е-продавачи поради нивниот воспоставен кредибилитет. Ова може да доведе до корисни партнерства и можности за раст.