При купување онлајн, секогаш е потребно да се информирате дали е-продавницата од каде штој купувате е регистриран е-трговец во една од петте банки кои што нудат можност за онлајн плаќање во нашата земја.
Тоа можете да го направите со пребарување на е-продавницата на бесплатниот Регистар за регистрирани е-трговци, кој е дел од оваа платформа и е достапен на овој линк.
При купување онлајн, осигурајте се дека на е-продавницата се достапни контакт податоци како што се телефонски број, седиште или пак е-маил адреса од е-трговецот каде би можеле да се обратите доколку имате потреба за одредена информација, или пак проблем со вашата нарачка.
По комплетирањето на вашата онлајн нарачка, на вашата е-маил адреса треба да добиете потврда за вашата нарачка.
Потврдата треба да ги содржи следниве информации:
✓ Број на нарачка
✓ Датум
✓ Информации за продавачот (назив, адреса, контакт)
✓ Назив на купениот производ/услуга
✓ Јасно и недвосмислено прикажана цена која се наплаќа.
** Преку оваа страница поплаки можат да се поднесат само доколку имате забележано неправилности во работењето од регистрирани е-трговци кои што овозможуваат е-плаќање од страна на петте банки во нашата држава. Во случај вашите нарачки да сте ги направиле од социјалните медиуми, поплаките не може да се евидентираат преку нашиот систем и за истите може да се обратите директно до надлежните институции.

Разгледајте ги надлежните институции во продолжение и прочитајте до која релевантна институција треба да поднесете поплака

Одберете ја институцијата и стиснете на копчето „Поднеси поплака“

Ќе бидете пренасочени до соодветната институција до која сакате да поднесете поплака

При поплаката до институцијата детално опишете го проблемот во целост за негово побрзо и поефикасно решавање

По успешно поднесување на поплаката очекувајте одговор од соодветната надлежна институција која сте ја одбрале
Реакт Фондација е наменета да ги поддржува активностите за заштита на сите носители на права, потрошувачите и владите против негативните последици од трговијата со фалсификувани производи.
Плаќањето во готово, при онлајн купување, иако се чини навидум лесно, безбедно и едноставно, без сметка/потврда не е добро решение на долг рок, бидејќи на тој начин немате никаква потврда за извршено плаќање, гаранција или начин да се пожалите за евентуалниот лош квалитет на купениот производ или услуга и воедно и самите учествувате во „поткопување” на даночниот систем.
Борбата против сивата економија во е-трговијата (купувањето од нерегистрирани е-трговци ) треба да биде заеднички напор, бидејќи таа влијае врз намалување на даночните приходи и со тоа директно го намалува квалитетот на образованието, ја намалува нашата безбедност во староста – пензиите, безбедниот и функционален здравствен систем, можноста за капитални инвестиции во инфраструктурата како патишта итн.
На видеото во продолжение погледнете зошто не треба да купувате од нерегистрирани е-трговци, т.е. зошто не треба да сте дел од сивата економија.