За да се добие Беџ за верификуван е-трговец, секој е-трговец треба да пополни кратка онлајн апликација во која одговара дали ги исполнува основните законски услови за работење во е-трговија. Одговорите од апликацијата кога ќе бидат доставени до АЕТСМ. Се спроведува постапка на проверка од страна на АЕТСМ согласно правилата предвидени со Правилникот.
Доколку е-трговецот е регистриран правен субјект и ги задоволува основните законски услови е-трговецот ќе може да се стекне со Беџ за верификација и ќе му биде испратен Беџот за поставување на неговата веб продавница.
Во спротивно, до е-трговецот ќе се испратат корективни насоки кои доколку ги исполни во рок од еден месец, ќе може да се стекне со беџот. По имплементацијата на корекциите, треба да се извести АЕТСМ за да се направи уште една проверка.
Е-трговецот има право да го промовира Беџот пред своите потрошувачи, со цел зголемување на довербата во неговиот бренд.
АЕТСМ прави формална проверка на веб страницата, односно дали е-трговецот ги поседува потребните основни законски услови за обавување на дејноста, без да го цени квалитетот односно дали содржината на истите е соодветна, ги задоволува сите пропишани норми и се почитува од страна на е-трговецот кон крајните корисници.
5.990 денари + 18% ДДВ
3.990 денари + 18% ДДВ
10.990 денари + 18% ДДВ
6.990 денари + 18% ДДВ
Напомена: АЕТСМ го задржува правото да ја ревидира/менува цената за Беџот на годишно ниво, со што за таквата одлука ќе го извести верификуваниот е-трговец 30 дена пред да му издаде фактурата за Беџот за следните 12 месеци. По ова, верификуваниот е-трговец има право во рок од 15 денови да се изјасни дали продолжува со користење на Беџот за верификуван е-трговец или не. Доколку е-трговецот не се изјасни, новата цена на Беџот ќе се смета за прифатена и АЕТСМ ќе издаде фактура за користење на Беџ за верификуван е-трговец за следните 12 месеци.
Потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници, станува сè поголема во време кога е-трговијата е во подем и луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн.
Со цел да се доближат до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи и правила за работење во е-трговијата и да се мотивираат постоечките е-трговци да ги имплементираат во своето работење, AETСM воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните законски услови од останатите онлајн продавници кои не ги исполнуваат основните законски услови или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија.
Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со Правилникот.
Добивањето Беџ за верификуван е-трговец и станувањето на верификуван е-трговец се едни од клучните компоненти за градење доверба и кредибилитет на е-продавницата. Во дигиталната ера, каде што потрошувачите се потпираат на онлајн платформи за купување и трансакции, воспоставувањето доверба меѓу купувачите и е-трговците е од огромно значење. Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков Беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТСМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.