Годишно собрание на АЕТСМ: Го слушаме гласот на е-трговците и креираме активности за раст и развој на е-трговијата
На 02.04.2025 го одржавме нашето Годишно собрание, кое на едно место ги обедини членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците за заеднички осврт на постигнатото и за презентација на идните активности.
Собранието го отвори Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска Станков, која им посака добредојде на присутните и изрази благодарност за нивниот континуиран придонес во развојот на е-трговијата во земјата истакнувајќи дека АЕТСМ останува посветена на поддршката на бизнисите во нивниот раст и работење со е-трговија, потенцирајќи ги клучните достигнувања од 2024 година и најавувајќи ги активностите за 2025 година.
“Зад нас е уште една успешна година со бројни реализирани иницијативи и активности согласно поставените приоритети на АЕТСМ. Благодарение на поддршката од членките, приватниот сектор, меѓународните развојни организации и посветениот тим Асоцијацијата успева секоја година да дизајнира амбициозна програма и потоа да ја реализира. Е-трговијата продолжува да расте и во 2024 бележи раст од 9.3% гледано во вредноста на реализирани онлајн трансакции согласно податоците на НБРСМ. Како што расте е-трговијата, се зголемуваат и се менуваат и предизвиците. Секоја година програмата и фокус областите ги дефинираме согласно актуелните предизвици и согласно сугестиите на членките. Така за 2025 година дефиниравме шест фокус области на делување: зголемување и унапредување на понудата во е-трговија и пропратните сектори; зајакнување на дигиталните вештини; градење на партнерства за раст и развој (поврзување и нетворкинг); намалување на неформалната економија во е-трговија; продуктивна соработка со институциите и јавно-приватен дијалог за намалување на предизвиците; и регионална соработка и развој на прекуграничната е-трговија.” изјави Претседателката на АЕТСМ, Д-р Нина Ангеловска Станков.
Работниот дел на Собранието продолжи со анализа на реализираните активности во 2024 година и претставување на планот за 2025 година. Во текот на 2024 беа реализирани бројни активности кои влијаеа на развој на е-трговијата во државава меѓу кои: организацијата на најголемата регионална конференција за е-трговија со повеќе од 740 учесници од Балканот и пошироко, објавувањето извештај од годишната анализа за е-трговија – која за прв пат се однесуваше на целиот Западен Балкан, избор на најдобри е-трговци за тековната година, многубројни едукативни и нетворкинг настани каде учество земаа повеќе од 300 луѓе, зголемување на понудата преку поддршка на 80 ММСП да отворат своја е-продавница, комплетирање на едукативната и ресурсна регионална веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, изработена нова автоматизирана платформа за градење на подобра заедница за е-трговија каде се достапни регистар на регистрирани и верификувани е-трговци, како и информации за наделжности на институции каде граѓаните може да се пожалат доколку се незадоволни и т.н…
Дополнително, во текот на 2024 година, заедно со асоцијациите за е-трговија од Србија, Босна и Херцеговина и Албанија продолживме со развојот на Балканската Алијанса за е-трговија, која има за цел олеснување и унапредување на регионалната е-трговија. Ангеловска и тимот на АЕТСМ успешно ја водеа Алијансата во нејзината прва година од основањето, што претставува значајно признание за заложбите и лидерството на асоцијацијата во регионот каде на крајот на годината едногласно Ангеловска повторно беше ре-избрана за Претседателка на Балканската Алијанса за е-трговија и за 2025 година.
Ангеловска најави дека и во 2025 година АЕТСМ ќе продолжи со реализација на клучните иницијативи, како што се годишната анализа за е-трговија, регионалната конференција за е-трговија и наградите за најдобрите во е-трговијата. Покрај тоа, асоцијацијата ќе се фокусира на унапредување на јавно-приватен дијалог и соработка со институциите за намалување на предизвиците на индустрија, како и на унапредување на меѓународната соработка и изнаоѓање на нови можности за финансирање за реализација на иновативни проекти поврзани со индустријата.
Сите компании кои сакаат да бидат дел од Асоцијацијата за е-трговија, да ги уживаат бенефитите кои се нудат со членството, како и да придонесуваат во раст и развој на индустријата може да се информираат за членство на веб-стрницата на асоцијацијата www.ecommerce.mk
На Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место (ГЕА), подружница на АЕТМ, која се стреми да ја зајакне синергијата помеѓу е-трговијата, дигитализацијата и учеството на жените во економијата.
По завршувањето на работниот дел на Собранието, учесниците имаа можност за неформално вмрежување и размена на идеи за понатамошна соработка. Собранието на АЕТМ уште еднаш потврди дека организацијата останува посветена на развојот на е-трговијата и создавање на поволна деловна средина за сите засегнати страни.
This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.
Strictly Necessary Cookies
Strictly Necessary Cookie should be enabled at all times so that we can save your preferences for cookie settings.
If you disable this cookie, we will not be able to save your preferences. This means that every time you visit this website you will need to enable or disable cookies again.
3rd Party Cookies
This website uses Google Analytics to collect anonymous information such as the number of visitors to the site, and the most popular pages.
Keeping this cookie enabled helps us to improve our website.
Please enable Strictly Necessary Cookies first so that we can save your preferences!