News from e-commerce

Започна пријавувањето за избор на најдобрите е-трговци за 2023

Македонските е-трговци и оваа година ќе се натпреваруваат на изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го организира традиционално, трета година по ред. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина.

На изборот ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои ќе се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање“, „Најдобри е-продавници по сектори“ и „Шампиони во е-трговија“. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Најдобра достава во е-трговија“, а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината“.

“Организацијата на E-commerce Awards ни претставува посебно задоволство во Асоцијацијата за е-трговија. После напорната работа и бројни надминати предизвици во годината, убаво е кога новата година ќе се почне со признанија кои претставуваат мотивација за уште поуспешна година и подобра работа. Изборот на најдобрите во македонската е-трговија, се стреми да ги препознае најдобрите и поттикне како зголемување на понудата во е-трговија, така и унапредување на работата на постојните е-трговци. Бидејќи на крајот на денот, тие се тие кои го менуваат пазарот, кои поставуаат нови стандарди и кои ги менуваат навиките и учествуваат целокупно во унапредување на е-трговијата како важна гранка на дигиталната економија.” – истакна Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ.

Процесот на избирање на најдобрите се прави во пет фази, а започнува со прибирање на пријави и номинации на е-трговци. Номинирањето и пријавувањето на е-трговците е бесплатно и во тек до 10 јануари 2024 година, до 23:59 часот преку официјалната веб страница на наградите – www.ecommerceawards.mk

По номинирањето следува проверка на апликациите и објава на номинираните компании. За номинираните компании кои ќе бидат јавно објавени на официјалната веб страница ecommerceawards.mk ќе може да се гласа електронски, согласно утврдената методологија за гласање и прогласување на победниците, која е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2023 година ќе се оддржи на крајот од месец февруари 2024.

На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 150 домашни е-трговци и беа собрани над  93.390 гласови од 6.584 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 39 награди во 23 категории.

Повеќе детали за натпреварот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.