Мажите се поголеми онлајн купувачи од жените во Европа: Што купуваат повеќе?

(Овој текст е дел од оригинално објавениот текст на Forbes.com од страна на Нина Ангеловска, целoсниот може да го прочитате тука)

Според објавените податоци од Еуростат повеќе од 30% од Европјаните кои никогаш не направиле онлајн нарачка, не го направиле тоа поради тоа што претпочитаат да купуваат на физичките локации, лице-во-лице и да го видат и допрат производот. Но мажите покажуваат дека не им пречи недостатокот на интеракција со луѓе кога купуваат односно тие се поголеми е-купувачи од жените или 69% од машката популација со пристап до интернет во Европа направиле онлајн нарачка во последните 12 месеци споредбено со 66% на женските корисници.

Податоците за фрекфенцијата на онлајн купувањата во последните 3 месеци (јануари-март 2018) покажуваат дека мажите се почести купувачи од жените во Европа:

  • Купиле 1 до 2 пати: Жени (36%), Мажи (34%)
  • Купиле 3 до 5 пати: Жени (35%), Мажи (34%)
  • Купиле 6 или повеќе пати: Жени (28%), Мажи (31%)

Дополнително, мажите трошат повеќе на интернет во споредба со жените. Графикот ни ги покажува потрошените средства за онлајн купувања во последните 3 месеци (јануари-март 2018). Може да забележиме дека жените се позастапени во износот до 100 евра, додека мажите доминираат во повисоките категории.

Кога станува збор за тоа што мажите и жените купуваат онлајн, еве шест категории кои мажите ги купуваат повеќе онлајн од жените:

  1. Сместување и патувања (Мажи 37%, Жени 35%, Просек 36%)
  2. Производи за домаќинство (Мажи 32%, Жени 30%, Просек 31%)
  3. Билети за настани (Мажи 27%, Жени 26%, Просек 26%)
  4. Филм/Музика (Мажи 22%, Жени 16%, Просек 19%)
  5. Софтвер (Мажи 22%, Жени 11%, Просек 17%)
  6. Хардвер (Мажи 17%, Жени 7%, Просек 12%)

Жените, за разлика од нив, повеќе ги купуваат следниве категории:

  1. Храна/намирници (Мажи 14%, Жени 18%, Просек 16%)
  2. Облека, спортски производи (Мажи 40%, Жени 46%, Просек 43%)
  3. Книги/списанија (Мажи 23%, Жени 25%, Просек 24%)
  4. Лекови (Мажи 8%, Жени 10%, Просек 9%)

(Броевите го прикажуваат населението од 16 до 74 години коешто направило онлајн нарачка во последните 12 месеци изразено како процент од населението со пристап до интернет во последната година.)

Поврзани содржини