
И оваа година заедно со компанијата Visa ја реализираме иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“ – иницијатива што веќе три години по ред овозможува вистинска поддршка за локалните бизниси кои сѐ уште не продаваат онлајн, да започнат со онлајн продажба и бесплатно да отворат своја е-продавница преку постоечки маркетплејс платформи или свое сопствено софтверско решение.
Преку овој повик, ќе се изберат 20 микро и мали компании, кои ќе добијат:
- Вредносен пакет од 1.000 евра за да отворат своја е-продавница
- Учество на еднодневен практичен и едукативен семинар „Сѐ за е-трговија“
- Сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија
- Можност за приклучување кон растечката заедница на домашни е-трговци во рамки на АЕТМ и дополнителна промоција на новите е-продавници.
За учество во јавниот повик, компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да се микро или мало претпријатие со седиште во С.Македонија
- Да немаaт веќе активна е-продавница
- Да не добиле поддршка во рамки на Vol. 1 или Vol. 2 или во некој сличен повик на АЕТСМ
- Да доставaт комплетна и точна онлајн апликација
За да се пријавите треба да ја пополните онлајн апликацијата тука, најдоцна до 16.05.2025 до 23:59 часот.
Изборот на компаниите кои ќе бидат дел од програмата за отворање на е-продавница ќе се одвива во месец мај 2025 година. Изборот ќе го врши комисија од експерти во областа на е-трговијата, според однапред утврдени критериуми наведени во повикот. Едукативниот семинар ќе се одвива еднократно, во текот на месец јуни 2025 година.
Иницијативата не само што отвора нови можности за бизнисите, туку и придонесува за формализирање на онлајн продажбата, намалување на сивата економија и поттикнување на довербата кај потрошувачите во домашната е-трговија. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија – AETСM се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компани и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија.

Инаку, во првите две изданија беа поддржани вкупно 35 компании, кои успешно ги отворија своите први е-продавници и денес активно продаваат онлајн.Повеќе информации за јавниот повик може да се погледнат овде.