News from e-commerce

Водечки светски компании ќе зборуваат на годишната конференција за е-трговија

Претставници од најголемите светски брендови како TikTok, OpenAI, Klarna и ZEOS by Zalando, заедно со уште многу други светски, регионални и домашни компании, ќе бидат дел од 7-мата регионална конференција за е-трговија, под темата: E-commerce: Untangling Potential! Настанот ќе се одржи на 12 ноември во Скопје. За трета година по ред, конференцијата го задржува својот регионален карактер и привлекува учесници од повеќе од 10 држави од регионот и светот.

Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа. Говорниците преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе покажат во кои аспекти од е-трговијата е постигнат потенцијалот, и каде сè уште има простор за развој за да може да се искористи во целост. Темите ќе опфатат испорака и логистика, нови можности за е-плаќање, маркетинг за е-трговија со користење на податоци и вештачка интелигенција, како и прекуграничен и меѓународен раст на бизнисите со е-трговија. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење.

Селесте Фејзо од OpenAI, водечката истражувачка компанија фокусирана на создавање безбедни и корисни AI системи, ќе одржи презентација на конференцијата. Како AI Data Trainer, Селесте ќе сподели свои искуства во развојот на сигурни и ефективни AI технологии, кои ќе ја обликуваат иднината на е-трговијата.

Бобан Љубиноски од Klarna, шведската финтек компанија позната по моделот Купи сега, плати подоцна (Buy Now, Pay Later – BNPL), е глобален лидер во онлајн плаќањата. Бобан ќе зборува за иновативните и флексибилни платежни методи кои им помагаат на модерните е-купувачи, што придонесува за зголемување на посетите кон е-продавниците и на лојалноста на купувачите.

Дополнително, Бојан Доленц од ZEOS by Zalando, експерт за логистички иновации, ќе говори за оптимизацијата на логистичките процеси кои го прават Zalando еден од лидерите во е-трговијата. Бојан со своето 7-годишно искуство ќе сподели како ZEOS ја подобрува логистиката и ги намалува трошоците за големите интернационални брендови.

Во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе бидат споделени податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2024 година, која по прв пат се однесува на целиот Западен Балкан. Конференцијата ќе се фокусира и на користењето на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, како и на потребата од беспрекорно искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава.

Конференцијата по трет пат ќе биде домаќин на регионална публика и се очекува да присуствуваат околу 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето седмо издание.

Конференцијата е поддржана од организацискиот партнер GIZ, платинум партнерот Visa, дигиталниот партнер А1 Македонија, како и златните партнери – Ананас, CaSys и НЛБ Банка и сребрените партнери – Халк Банка, Корпа, Филип Морис Интернационал, Комерцијална Банка, ИУТЕ и Сава Пензиско.

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали за конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.