
Нашиот премиум член Iute отвора интересна можност за студентите кои сакаат да бидат дел од иднината на дигиталните финансии.
Начинот на кој плаќаме, купуваме и управуваме со финансиите брзо се менува. Токму затоа Iute Pay, како дел од Iute Group, започнува студентски предизвик што им дава шанса на младите да не бидат само набљудувачи на промените, туку директни учесници во нивното создавање.
Преку овој повик, студентите ќе имаат можност да работат на реален бизнис предизвик – да осмислат концепт и стратегија за лансирање на дигиталниот паричник на Iute Pay на домашниот пазар. Станува збор за проект што има вистинска практична вредност, бидејќи најдобрите идеи може да послужат како инспирација за реални комуникациски и маркетинг активности.
За учество, потребно е да се формира тим од 3 до 7 студенти и да се подготви предлог што ќе вклучува јасен концепт за лансирање на производот. Учеството е отворено за студенти од различни факултети и универзитети,. Секој тим треба да достави кратко видео до 60 секунди и презентација до 10 слајдови, најдоцна до 1 јуни 2026 година, преку платформата futurefinance.iute.mk.
Она што го прави овој предизвик особено интересен е што не завршува само со поднесување на идејата. Најдобрите предлози ќе бидат објавени за јавно гласање, а победниците ќе се избираат врз основа на гласовите од публиката.
Дополнително, видеата и презентациите ќе бидат јавно споделени на платформата на натпреварот, а видеата ќе добијат видливост и преку официјалниот Instagram профил на Iute Macedonia.
За трите најуспешни тимови се предвидени и парични награди:🥇 3.000 евра, 🥈 2.000 евра и🥉 1.000 евра.
Timeline на активности:
• до 18 мај – регистрација на тимови
• 18 мај – онлајн брифинг со инструкции за предизвикот
• до 1 јуни – рок за доставување на презентација и видео
• до 3 јуни – преселекција на доставените предлози
• до 29 јуни – јавно гласање на платформата
• 1 јули 2026 – објава на победниците
Овој студентски предизвик се реализира со поддршка на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. и претставува одлична можност за студентите да ги тестираат своите идеи во реален пазарен контекст, да добијат јавна видливост и да бидат дел од една нова дигитална финансиска приказна.
Повеќе информации се достапни на futurefinance.iute.mk.