News from e-commerce

Одржан 24-от јавен состанок на Агенција за пошти

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, на 24-ти декември во просториите на хотел Холидеј Инн беше одржан 24-от јавен состанок на Агенцијата за пошти, на кој пред чинителите во поштенскиот сектор беа презентирани реализираните активности, плановите за делување во 2026 година, како и Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година.

На состанокот присуствуваа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, претседателот на Комисијата на Агенција за пошти Душан Бекриќ, членовите на Комисијата Слободанка Галеска, Павлинче Честојнова, Андреј Јосифовски и Фадил Шабани, генералниот директор на АД Пошта Орхан Куртиши и членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претставници на давателите на поштенски услуги, медиумите, како и други поканети гости од институциите и организациите со кои соработува Агенцијата за пошти.

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање меѓудругото истакна:

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите.“

Како што потенцира, целта е да се заштити државниот капитал, да се издигне Пошта на поквалитетно ниво и да се избегне праксата на претходните Влади кои сакале да го продаваат државниот капитал, и дека во таа насока соработката со Агенцијата ќе има клучна улога и дека е потребна соработка.

Во своето обраќање, осврнувајќи се на реализираните активности во 2025 година, директорката на Агенција за пошти, Марина Тоневска истакна: „ Приватната конкуренција никогаш досега немала толку густо развиена поштенска мрежа низ државата и толку голем број на луѓе не биле ангажирани во доставата. Тему пратките годинава направија вистински бум и ја поттикнаа искусната конкуренција да се проширува и позиционира се поблиску до граѓаните. Но, пазарот се уште бара и има право да очекува подобрувања  во  услугите, од сите инволвирани, вклучително и од давателот на универзалната услуга . Агенцијата е тука секогаш да ги слушне и да одговори на тие барања.

Таа информирашедека статистиките за првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година, покажуваат зголемување на вкупниот обем од околу 6.8 % остварен од обезбедување на поштенски услуги, како и зголемување на обемот на пакети од околу 35 % кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар.

На јавниот состанок беше презентирана Анализата на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за I-во полугодие за 2025 година од страна на раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ  Томовска.

Анализа на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие за 2025 година е достапна на следниот линк

Нашите цели се амбициозни, но сепак суштинскин и со уште посилен елан ќе работиме на остварувањето на истите.“ – додаде директорката Тоневска, осврнувајќи се на идните планови и проекти кои ќе се реализираат во 2026 година.

Од страна на присутните беше изразено задоволство од успешниот јавен состанок, преку поставените прашања и плодните дискусии преку кои јасно се потенцира партнерскиот, транспарентниот и инклузивен однос на Агенцијата со сите чинители во поштенскиот сектор.

Related content