News from e-commerce

Од 0 до AI: На нашиот е-commerce настан собравме повеќе од 100 учесници и им дадовме практичен патоказ за AI трансформација

Во време кога вештачката интелигенција (AI) брзо го менува начинот на кој функционираат пазарите и индустриите, свесни сме дека компаниите што сакаат да останат конкурентни мора навреме да ги препознаат и применат новите технологии. Токму затоа, преку редовните едукативни Ecommerce Meetup настани, како Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ), постојано ги доближуваме глобалните трендови до домашните компании и им овозможуваме практични знаења за нивна стратешка примена.

Вчера, во едукативниот центар на Халкбанк, го одржавме второто издание на Ecommerce Meetup за оваа година, реализирано со поддршка од нашиот премиум член и стратешки партнер на 8-та регионална конференција – Halkbank, како и во соработка со нашиот AI партнер – Brainster. Настанот го посветивме на темата „Од 0 до AI: Систем од 7 чекори за AI трансформација во организациите“ и на едно место собравме повеќе од 100 претставници од приватниот сектор.

едукација

Нашиот предавач, Петар Ниновски – извршен директор на Brainster, преку 90-минутно практично предавање го презентираше S.P.EC.T.R.U.M. системот со 7 докажани чекори за систематско воведување на вештачка интелигенција во организациите. Учесниците имаа можност да направат брза самопроценка каде се наоѓа нивната компанија на патот на дигитална трансформација и да дознаат како можат да ги искористат можностите што ги носи AI за зголемување на ефикасноста, намалување на трошоци, автоматизација, отворање нови извори на приход и создавање иновативни бизнис модели.

Овој настан беше дел од промотивните активности за нашата 8-та Регионална конференција за е-трговија, каде темата за AI ќе ја обработиме уште подетално преку бројни предавања од домашни и светски брендови. Конференцијата ќе се одржи на 4 ноември во Скопје и ќе собере регионални и меѓународни експерти, компании и професионалци од индустријата. Сите заинтересирани можат да си обезбедат карта преку официјалната веб-страница – ecommerceconference.mk

Со ваквите активности јас и мојот тим во АЕТМ уште еднаш потврдуваме дека редовно ги доближуваме најновите глобални трендови до домашните компании, со цел тие да бидат поконкурентни и подготвени за иднината.

Повеќе слики од настанот може да се погледнат овде.

Related content