News from e-commerce

Оценете го квалитетот на македонските е-продавници преку платформата „Натапет.мк“

„Натапет.мк“ е прва македонска платформа каде што корисниците можат да се информираат околу валидноста на е-продавниците во Македонија и да го споделат нивното лично искуство при онлајн купувањето.

Натапет.мк – веб-платформа за рецензии за е-продавници

Поттикнати од неправдите и незадоволството на клиентите што се случуваат секојдневно при онлајн купувањето, како што се добивање грешни продукти и не добивање на фискални сметки или потврди за нивните нарачки доколку истите ги платиле онлајн, студентите од ФИНКИ и од Економскиот Факултет на УКИМ ја направија платформата Натапет.мк. Оваа платформа беше направена во рамки на студентскиот онлајн хакатон „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“, кој се одржа во мај годинава, а беше организиран од Асоцијација за Е-Трговија на Македонија.

При подготвувањето на платформата студентите целеа на тоа да направат промена во македонската е-трговија и да овозможат на граѓаните да можат безбедно да купуваат онлајн, истовремено овозможувајќи на е-трговците да изградат свои легитимни, квалитетни и препознаени бизниси.

Како изгледа оставањето рецензија

Со ова решение креаторите на платформата сакаат да допринесат кон решавање на општествениот проблем со кој се соочува нашата држава, а тоа е сивата економија. Исто така, во сузбивањето на сивата економија ќе можат да се вклучат и самите купувачи со тоа што ќе го споделат своето лично искуство за е-продавниците.

“Доколку сакате да направите нарачка од некоја онлајн продавница Натапет.мк е правото место каде што може да се информирате за валидноста и интегритетот за истата пред да направите одредена нарачка”, истакнаа од тимот на Натапет мк.

Тимот кој ја креираше natapet.mk

Крајната цел е да се поттикнат македонските е-трговци да се стремат да бидат подобри, а тоа може да се постигне со јавна и објективна критика, но и пофалба за нивните е-продавници.

Посетете ја www.natapet.mk, информирајте се и споделете го вашето мислење со цел да изградиме заедно подобра и подоверлива онлајн средина.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.