News from e-commerce

Нешто повеќе за нашата јубилејна регионална конференција за е-трговија под мотото „Ecommerce:Accelerate!”

Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември по петти пат ќе ја одржиме годишната конференција за е-трговија 

Конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата ќе присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

Како и претходните години, најавуваме висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Многу компании успеaa да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите.

Фокусот на ова петто издание ќе биде одлична можност да се види до каде стигнала е-трговијата и колку далеку може да оди ако ja забрзаме. За време на конференцијата, говорниците ќе презентираат практични стратегии што најголемите бизниси, вклучувајќи ги и нивните, ги користат за раст и зголемен профит во овие непредвидливи времиња, а учесниците ќе можат да ги слушнат најновите трендови од е-трговијата, да се стекнат со нови знаења и практични примери, како и да ги искористат бројните можности за вмрежување со истомисленици од бизнис секторот.

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за подобрување на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот. Oваа година голем голем акцент ставаме на вмрежувањето и неформалната дружба помеѓу учесниците на конференцијата преку повеќе забавни активности надвор од официјалната програма.

Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.

Early Bird“ картите се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 129 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.

Повеќе информации за говорниците, агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: www.ecommerceconference.mk

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.