News from e-commerce

Над 100 пријавени е-трговци за ‘Ecommerce Awards’, рокот за пријавување истекува во среда

За да ја препознае успешната работа на македонските е-трговци како и да поттикне што повеќе компании да се вклучат во е-трговцијата и да го унапредат своето работење, АЕТМ ги организира првите награди за е-трговија Ecommerce Awards. Пријавувањето на е-трговците кое е бесплатно веќе започна и ќе трае до 12ти јануари. Иако пријавувањето е отворено само неколку дена, до сега има голем интерес од страна на е-трговците и на официјалната веб страница на натпреварот има пристигнато голем број на пријави од македонските е-трговци. 

“Е-трговијата за време на панедмијата не претставуваше избор туку неопходност – граѓаните мораа да ги зајакнат своите дигитални вештини во услови на забрани за движење со цел да стигнат безбедно до производи и услуги, а компаниите мораа да се адаптираат со цел да компензираат за падот на физичките локации, да стигнат до нови клиенти и да го одржат својот бизнис. Едноставно е-трговијата одигра исклучителна улога. Понудата во е-трговија значајно се зголеми, многу компании отворија е-продавници или се приклучија кон постојни маркетплес платформи со цел да ги пласираат своите производи и услуги онлајн, а голем дел од постојните инвестираа во унапредување на процесите и работењето. Колку што претставуваше можност оваа состојба за е-трговијата, толку претставуваше и предизвик за комапниите кои вложија труд и напори и со тоа придонесова и за унапредување на македонската е-трговија. Структурата на онлајн трансакции значајно се промени во полза на домашните е-трговци. Првите награди во е-трговија ‘Ecommerce Awards’ ќе ги препознаат овие напори на е-трговците, ќе ја промовираат  е-трговијата, а ќе влијаат и на зголемување на конкурентноста меѓу бизнисите за е-трговија. Со големо задоволство го организираме овој натпревар за да ги избереме и наградиме најдобрите кои со својата работа придонесуваат во унапредување на македонската е-трговијата“. – вели д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ.

Со големо задоволство го организираме овој натпревар за да ги избереме и наградиме најдобрите кои со својата работа придонесуваат во унапредување на македонската е-трговијата

Најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за облека и обувки”, “Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, “Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.

“По затворање на рокот за пријавување, сите пријави ќе бидат внимателно проверени и оние кои ги исполнуваат условите на натпреварот ќе бидат објавени на 21ви јануари на Листата на номинирани во соодветните категории на официјалната веб страна на ‘Ecommerce Awards’” – изјави Ива Марковска, Проектен менаџер на Ecommerce Awards​ во АЕТМ.

По објавувањето на номинираните е-трговици ќе следи гласање од јавноста кое ќе трае до 10ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од стручни лица кои се внимателно одбрани за да ги изберат најдобрите е-трговци. 

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи. 

Ги покануваме сите учесници во македонската е-трговија да го заземат своето место на првите Ecommerce Awards со нивна пријава на овој линк и да станат дел од традицијата со која онлајн трговијата во нашата држава значително ќе напредува. Повеќе детали за натпреварот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.