News from e-commerce

Колку често треба да објавувате на Instagram секоја недела?

Колку често треба да објавувате на Instagram во текот на една недела?

Тоа е прашање што предизвикува многу размислување помеѓу менаџерите на социјалните медиуми, креаторите и претприемачите.

Така, како водечка платформа за управување со социјални медиуми, Later.com анализираа преку 19 милиони објави на Instagram и 32 илјади Stories.

Еве што заклучија:

Дали фреквенцијата на објавување на Instagram навистина е важна?

Накратко одговорено, да!

Иако „конзистентноста“ е главниот збор du jour, да се биде конзистентен на Instagram е одличен начин за да растете на апликацијата.

„Колку сте поконзистентни, толку повеќе вашата заедница ќе ве запознае – што за возврат гради доверба и им дава причина да и обрнат внимание на вашата содржина“, вели Кристин Колинг, менаџерот за социјални медиуми на Later.

„Поставете свое темпо и креирајте разумен календар за содржини – тоа не мора да значи објавување секој ден“, додава Кристин.

 

 

Наш совет? Иако конзистентноста при објавување е важна, поважно е да:

  • Ги дефинирате и постојано да и правите revisit на вашата социјална стратегија и цели
  • Определете фрекфенција на објавување што може да се постигне (и приспособете ја по потреба)
  • Експериментирајте со различни типови на објави (Instagram Reel може да биде одличен за reach, додека Stories можат да ви помогнат да се зголеми сообраќајот)
  • Често анализирајте ги перформансите на вашата содржина за да видите што функционира, а што не

Колку често треба да објавувате објави на Instagram во 2024?

Откако Later.com анализираа повеќе од 19 милиони објави на Instagram (слики, carousels, видеа и Reels) од 1 јануари 2023 до 1 октомври 2023 година, открија дека корисниците со:

  • Нано профилите (0-10 илјади следбеници) објавуваат во просек 2 објави неделно
  • Микро профилите (10.000-100.000 следбеници) објавуваат во просек по 3 објави неделно
  • Средните профилите (100.000-500.000 следбеници) објавуваат во просек по 5 објави неделно

Graphic showing how often Nano, Micro, and Mid accounts post feed posts on Instagram every week

Анализа на податоци – клучни информации:

1.Како што профилите добиваат следбеници, тие почнуваат да објавуваат повеќе – веројатно поради:

  • Зголемен интерес за нивната содржина
  • Повеќе ресурси и можност за аутсорсинг на работа

2. Наместо да објавуваат повеќе пати на ден, доаѓа до промена „квалитет над квантитет“ – веројатно поради разговорите околу исцрпеноста предизвикана од социјалните мрежи

3. Земете ги овие бројки со резерва – фреквенцијата на објавување може да се промени во зависност од сезонската (односно објавување повеќе во пролет), кампања или лансирање на некаков производ, како и по анализа на перформансите на содржината што се објавува

Колку често треба да објавувате Instagram Stories во 2024 година?

По анализата на над 32 илјади Instagram Stories од 1 јануари 2023 година до 1 октомври 2023 година, откривме дека корисниците со:

  • Нано профилите (0-10 илјади следбеници) објавуваат во просек по 3 Instagram Stories неделно
  • Микро профилите (10.000-100.000 следбеници) објавуваат во просек по 4 Instagram Stories неделно
  • Средните профилите (100.000-500.000 следбеници) објавуваат во просек по 15 Instagram Stories неделно

Graphic showing how often Nano, Micro, and Mid accounts post Instagram Stories every week

Анализа на податоци – клучни информации:

Профилите објавуваат повеќе Stories отколку објави – тренд што го потврди извршниот директор на Instagram, што доведе до лансирањето на опцијата “Close Friends” и за објави на Instagram, не само за Stories

Откако еден профил ќе надмине 100 илјади следбеници, има драстично зголемување на содржината која ја објавува на Instagram Stories. Се претпоставува дека ова се случува поради неколку причини:

  • Посветување повеке кон градење заедница
  • Повеќе напори за привлекување кликови преку “Link” стикерот
  • Поголем опсег

Значи, колку често навистина треба да објавувате во текот на една недела на Instagram во 2024?

Ако отворате нов профил, секогаш е добра идеја да објавувате неколку објави и Stories неделно.

И како што добивате повеќе следбеници, размислете за зголемување на вашата фреквенција на објавување (и ресурси!) за да ја задржите вашата заедница ангажирана.

Но, она што е најважно е дека иако бројките се важни, создавањето квалитетна содржина го надминува квантитетот.

Наместо фокусирањето премногу на бројки, користете ги овие податоци како почетна точка за да соберете увиди и да експериментирате со вашиот профил за да видите што најдобро функционира.

* Оваа студија се заснова на анализа на над 19 милиони објави на Instagram (слики, видеа, carousels, Reels) и 32 илјади Instagram Stories објавени преку Later.com помеѓу 1 јануари 2023 година – 1 октомври 2023 година.

Related content