News from e-commerce

Како Pinterest и е-трговијата го менуваат европскиот do-it-yourself (DIY) пазар

Европскиот пазар за DIY („направи сам“) доживува значајна трансформација. Она што некогаш подразбираше посета на специјализирана продавница и часови поминати со алат во рака, денес започнува со инспирација од Pinterest, пребарување на YouTube и купување со неколку клика преку онлајн платформи.

За генерацијата Z, DIY повеќе не е само практично решение, туку начин на изразување, креирање уникатен простор и развивање нови вештини. Интересот за естетика, одржливост и персонализирани проекти ја придвижува оваа култура напред – дигитализирана, достапна и поврзана со сопствениот идентитет.

Според најновите податоци од ecommercenews.eu, европскиот онлајн DIY пазар достигнал вредност од 66 милијарди евра во 2024 година, што претставува 17% од вкупниот DIY пазар од 388 милијарди евра.

Во 2023 година, онлајн DIY продажбата изнесувала 56 милијарди евра, односно 15,2% од вкупниот пазар. Растот од 10 милијарди евра во само една година потврдува дека дигиталната трансформација на секторот е повеќе од тренд – таа е новата реалност.

Што го поттикнува растот на онлајн DIY пазарот? 🤔

Покрај очигледните фактори како побарувачката за удобна и брза онлајн нарачка, клучна улога имаат онлајн маркетплејсите и креативните платформи како Pinterest.

Во сржта на оваа трансформација е промената на потрошувачките навики. Модерните корисници, особено помладите генерации, најчесто бараат инспирација онлајн пред да започнат било каков проект. Било да се работи за уредување на кујна, создавање на мини-градина или реновирање на бања, Pinterest е првата станица за инспирирање.

Паралелно со креативниот импулс, логистиката и достапноста на производите се клучни. Amazon доминира со удел од 15,7% на онлајн DIY пазарот, што претставува околу 9,15 милијарди евра. Но конкуренцијата не мирува. Кинеските платформи како Temu и AliExpress брзо добиваат на значење, нудејќи поевтини алтернативи и иновативни производи кои често се претставени прво токму на социјалните мрежи.

Исто така, online-only брендови, без физички продавници, сè повеќе се наметнуваат преку паметни дигитални стратегии и маркетинг преку платформи како Pinterest, Instagram и YouTube.

Во 2023 година, прекуграничната е-трговија за DIY производи изнесувала 17,8 милијарди евра (31,8% од онлајн пазарот). Во 2024 таа пораснала на 21,6 милијарди евра или 32,8%. Според предвидувањата, до 2026 година, овој сегмент ќе достигне 26,5 милијарди евра, што ќе биде 34% од вкупниот онлајн DIY пазар. Овој тренд покажува дека европските потрошувачи сè повеќе се чувствуваат комфорно да купуваат од странски продавачи. Брзите испораки, транспарентната политика за поврат на пари и достапноста на производите се клучни фактори за доверба. ecommercenews.eu

💡 Pinterest – дигиталниот маестро на DIY инспирацијата

Pinterest не е само социјална мрежа, туку е вистинска алатка за истражување, планирање и одлучување. Во 2024 година, оваа платформа избројала над 482 милиони активни корисници месечно ширум светот, и милиони од нив ја користат како прв извор на инспирација за do-it-yourself проекти.

Клучниот момент тука е трансформацијата од идеја во акција. Еден корисник може да започне со пребарување „small balcony makeover“ и да заврши со полна кошничка на некоја маркетплејс платформа маркетплејс што ги нуди точно оние производи кои ги видел на Pinterest.

Според Pinterest Business:

  • Корисниците кои пребаруваат DIY содржини е 1.5 пати поверојатно да купат
  • Содржини со „before & after“ формати или сезонски идеи (пролетно уредување, божиќни украси, итн.) имаат повисок click-through-rate и резултираат со купувања
  • Видео туторијалите (особено кратките, вертикални видеа) имаат најголем ефект врз одлуката за купување

Pinterest, всушност, ја пополнува празнината помеѓу инспирацијата и е-трговијата. Многу брендови веќе ја имаат  Pinterest трговијата во своите маркетинг стратегии, овозможувајќи директна куповна патека од „пин“ до кошничка.

Користењето на Pinterest како алатка за рекламирање и продажба сè повеќе се забележува и кај македонските е-продавници, кои ја препознаваат неговата моќ во визуелното прикажување на производи и досегнување до нова публика.

Што значи ова за трговците и DIY брендови? 🤔

Ако сте DIY бренд, продавач или маркетплејс платформа, ова се клучните заклучоци:

  • Инвестирајте во визуелен маркетинг: Висококвалитетни слики, before and after  прикази, и  чекор-по-чекор туторијали да бидат вашиот најсилен маркетинг алат.
  • Бидете присутни таму каде што почнува инспирацијата: Pinterest не е платформа само за естетика – тоа е и многу корисна алатка за е-трговија.
  • Максимизирајте ја продажбата преку прекугранична е-трговија: Потрошувачите се спремни да купуваат од странство – фокусирајте се на логистика и јасна комуникација.
  • Следете ги трендовите: Минималистички ентериери, одржливо градинарство, и DIY мебел се меѓу најпребаруваните теми во 2024 година.

Онлајн DIY пазарот во Европа, а Pinterest и маркетплејсите се двигателите на оваа промена. Спојот на визуелна инспирација, брза достапност и бесконечен избор претставува нови стандарди за тоа како потрошувачите размислуваат и делуваат.

Related content

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.