News from e-commerce

IT4Charity 2024: Иницијатива на ИТ заедницата која прави разлика!

Со голем ентузијазам сакаме да споделиме дека оваа година сме партнер на IT4Charity 2024, иницијатива во чии рамки по шести пат се обединува ИТ заедницата во Македонија во прибирање средства за децата без родителска грижа и родителите од згрижувачките семејства, поддржани од СОС Детско село.

Годинешниот концепт ја задржува познатата хуманитарна трка на која трчаат тимовите на ИТ компаниите кои донираат и додава уште еден еколошки момент, рециклирање. Имено, оваа година со помош на апликацијата на Пакомак тимовите на ИТ компаниите имааат можност да рециклираат пластични шишиња и лименки во вендинг машините на Пакомак, и собираните зелени поени да ги донираат за СОС Детско село. А Пакомак, пак, таа донација ќе ја удвои. 

Се обидовме да направиме спој на две општествено важни каузи, социјалната која значи поддршка на децата од загрижувачките семејства интегрирани во локалната заедница, но и еколошката, како неопходна во времето во кое живееме. Ние се грижиме за децата да имаат стабилна и сигурна иднина, но не помалку е битно и каков свет ќе им оставиме, па затоа преку еколошката компонента сакаме да пратиме порака за поголема еко свест нагласувајќи дека здравата животна средина е одговорност на сите нас.“ велат од СОС Детско село.

Главниот настан годинава ќе се случува на 15 септември, во Градски Парк Скопје, а сите собрани средства ќе се наменат за професионална поддршка на над 70 згрижувачки семејства интегрирани во локалната заедница кои згрижуваат над 140 деца без родителска грижа

Оваа година, инцијативата IT4Charity како поддржувачи на иницијативата заедно со АЕТСМ се Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и порталот за информатичка технологија IT.mk.

Навистина ни е драго што оваа година заедно со останатите партнери ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива IT4Charity 2024 која е одлична можност за ИТ индустријата да се обедини и да придонесе за една навистина значајна кауза.

Ги охрабруваме сите ИТ компании да донираат за СОС Детско село согласно нивните можности и да ги охрабрат своите тимови да рециклираат и се пријават на оваа хуманитарна трка. Заедно можеме да направиме разлика и да придонесеме кон подобра иднина за децата без родители и згрижувачките семејствата поддржани од СОС Детско село.

За повеќе информации и пријавување учество, посетете ја веб страница на СОС Детско село https://sos.org.mk/it4charity/.

Related content