Ја започнуваме работната недела заедно со Јасмина Апостолоска од ИутеКредит со која разговаравме за работниот процес на Иуте за време на пандемијата, достапните дигитални услуги и решенија кои компанијата ги нуди, вклучувајќи го и нивното ново иновативно решение кое овозможува плаќање на рати при онлајн купување.
АЕТМ: За оние кои сѐ уште немале искуство со веб-сајтот на ИутеКредит, дали накратко можете да не запознаете со услугите кои се достапни за употреба на истиот? Кој може да ги користи овие услуги?
Јасмина Апостолоска: ИутеКредит Македонија е финансиско друштво кое се занимава со кредитирање на физички лица. Веб страната на компанијата е место каде клиентите може да ги видат сите видови на кредити кои ги нудиме (потрошувачки, наменски, автомобилски) и веднаш да аплицираат многу едноставно и брзо внесувајќи ги само основните податоци од документ за идентификација како лична карта.
Нашиот систем на работа овозможува корисниците на кредит да аплицираат и да добијат исплатен кредит за само 10 минути без да го напуштат својот дом или местото од каде аплицираат. Исплатата на средства се врши на транскациска сметка, но имаме и дополнителна можност каде клиентите бесплатно добиваат IuteCredit Mastercard картичката која може да ја користат за подигнување на готовина од било кој банкомат во земјата и странство, безготовинско и онлајн плаќање, како и да ги користат попустите и поволностите која таа ги овозможува кај нашите партнери. Корисници на услугите на IuteCredit може да бидат сите полнолетни македонски државјани до наполнети 75 години.
АЕТМ: Неодамна објавивте иновативно решение кое овозможува плаќање на рати при онлајн купување. Дали можете да ни кажете нешто повеќе за него? Како IuteCredit дојде до идејата за ова решение? Која е примената и целта на решението? Може ли да се ни објасните како функционира од страна на кориснички аспект?
Јасмина Апостолоска: Можноста да се аплицира за кредит со отплата на рати при онлајн купување е навистина нова можност за македонските купувачи. Секогаш движејќи се во правецот на дигитализација и иновативни решенија кои би го поедноставиле животот на секој поединец, IuteCredit ја разви оваа опција за онлајн корисниците едноставно и брзо да дојдат до посакуваниот производ, а е-трговците да имаат можност да ги пласираат своите производи до што поголема група на купувачи.
Процесот на користење е брз, едноставен и безбеден – кај оние е-трговци кои веќе го имлементираа ова решение. Сега купувачите покај традиционалните начини за плаќање со картичка или на врата, може да изберат опција за плаќање на рати преку IuteCredit, и при самата нарачка да аплицираат за кредит до 120 000 денари на 24 рати. Одобрувањето на кредитот е во рок од 8-10 минути, првата рата е од следниот месец, а производот се доставува кај купувачот од страна на е-трговецот веќе следниот ден.
Како компанија ја препознаваме важноста на е-трговијата особено во услови на пандемија во кои функционираме изминатиот период, а ова решение е направено да одговори на сите предизвици кои ги носи новото време.
АЕТМ: Доколку еден е-трговец сака да го имплементира вашето решение за плаќање може ли да ни ја објасните постапката за имплементација? За кои платформи е достапна интеграцијата? Дали може да се примени на WordPress, Magento? Колкав временски период е потребен за решението целосно да се имплементира?
Јасмина Апостолоска: Ова решение може да го имплементираат сите е-трговци кои имаат активни веб страници на кои продаваат одредени производи или услуги онлалјн. Доколку е-трговецот е заинтересиран за додавање на IuteCredit решението како опција за плаќање, најпрвин потпишуваме официјален договор за кредитен посредник, потоа партнерот од наша страна ќе ги добие сите потребни технички детали за имплементација.
За платформата WordPress имаме готово plug-in решение, додека пак за Magento, Shopify, PrestaShop и уште неколку популарни платформи решенијата се во изработка и наскоро ќе бидат достапни. За “custom made” страниците имаме “API” кое исто така едноставно се интегрира со помош на програмерите со кои е-трговецот соработува. Во зависност од решението и временскиот рок за имплементација варира, но не е подолг од 10 работи денови. Нашиот технички тим исто така стои на располагање за било какви консултации при поставувањето на солуцијата за плаќање.
Кај нас до сега ова решение го имплементираа онлајн продавниците на Нептун и Анхоч, a во подготовка се уште неколку успешни е-трговци.
AETM: Што можете да ни кажете за работниот процес на ИутеКредит за време на пандемијата? Дали вашата компанија се справи со било какви потешкотии; како се одвиваше побарувачката за кредити преку онлајн опцијата која е понудена на вашиот веб-сајт?
Jaсмина Апостолоска: За време на пандемијата IuteCredit функционираше непречено, токму поради фактот што кај нас процесот на апликација, одобрување и исплата на кредитите може да се одвива целосно онлајн. Бевме во можност да ги услужиме сите заинтересирани клиенти кои можат да нé контактираат 24/7 на социјалните мрежи, мејл и телефон. Oвој период покажа дека голем број од граѓаните се подготвени да користат онлајн услуги и да уживаат во придобивките на дигитализацијата.
АЕТМ: За крај, што е последната работа што ја купивте онлајн и какво беше вашето искуство? Што ќе им препорачате на оние кои сѐ уште (ако има такви) не го искусиле онлајн пазарувањето?
Јасмина Апостолоска: Јас лично многу често го користам онлајн купувањето од повеќе причини – сметам дека е побрзо, поедноставно и побезбедно во новонастанатите услови и среќна сум што сé повеќе компании во Македонија нудат онлајн продажба. Последно нешто што купив беа намирници за домот и облека, а бидејќи нарачувам од компании кои веќе некое време работат како е-трговци, сé помина во најдобар ред. Верувам дека е-трговците сé повеќе инвестираат во ваквиот начин на продажба и се грижат купувачите да имаат позитивно корисничко искуство.