News from e-commerce

[ИНТЕРВЈУ] Ајлин Шеали, Pazar3.mk – Потребата од безбедна достава беше поттик за лансирање на Карго Достава

Разговаравме со Ајлин Шеали, оперативен менаџер во pazar3.mk за нивната најнова услуга Карго Достава. Ајлин ни раскажа за тоа што значи Карго Достава, како преку неа се подобрува начинот на продавање и купување онлајн, кои се бенефитите од неа и ни даде детали за функционирањето на услугата. Карго Достава е одличен новитет на македонскиот пазар кој го забрзува и олеснува процесот на онлајн тргување.

АЕТМ: Oд 2006 година до денес, Пазар3.мк постојано работи на подобрување на корисничкото искуство и начинот на кој што може да се огласува и купува онлајн. Најновата услуга која Пазар3.мк ја воведe е Карго Достава, односно купување преку вашата веб платформа и испорака на нарачаниот производ до адреса. Кажете ни од каде дојде идејата и со каква цел е создадена оваа услуга? 

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Целта на секоја компанија е корисниците да бидат задоволни, посебно во услужниот сектор, многу е важно да се даде услугата со врвен квалитет. Пред лансирањето на Карго Доставата, корисниците сами се договараа во однос на доставување на производите, а секако тој процес не беше лесен. Сега, во соработка со ЕЛС, Курирот ја подигнува пратката од продавачот и ја доставува до купувачот, а потоа и средствата се доставуваат до продавачот на безбеден начин. Корисниците (продавачите и купувачите) нема потреба да размислуваат за тоа како ќе се достави производот. Ова е доста олеснително за сите страни вклучени во процесот на купопродажба. Самата потреба од безбедна достава беше поттик за лансирање на Карго Достава. Ова е нов бизнис модел кога станува збор за користени производи купени онлајн (без разлика дали продавачот е физичко или правно лице).

АЕТМ: Она што нам особено нè интересира е како функционира Карго Доставата на Пазар3.мк и каков е одзивот до сега?

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Одзивот е супер! Корисниците се навикнуваат и сè повеќе ја користат услугата. Начинот на функционирање е следен: Корисникот регистрира оглас. Кога некој е заинтересиран за огласуваниот производ, продавачот добива смс известување (или емаил) за испратена понуда за производот. Доколку понудата е прифатлива, огласувачот ја потврдува нарачката и курирот го контактира продавачот за подигнување на пратката. Во тој момент линк за следење на пратката се праќа до продавачот и купувачот. Исто така, процесот може да се следи и во склоп на Пазар3 сметка преку tracking информација. Курирот ја доставува пратката до купувачот и средствата безбедно ги доставува до продавачот. 

Погледни го видеото и дознај повеќе
Погледни го видеото и дознај повеќе

 

AETM: Доколку ние се ставиме во улога на купувачи, кои би биле нашите бенефити од новата услуга, а кои би биле бенефитите доколку би сакале да продадеме нешто онлајн преку Пазар3.мк?

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Доколку сте купувачи Вашите бенeфити се следни: имате можност да понудите цена која сметате дека е соодветна за производот кој сакате да го купите, безбедна и едноставна достава од доверлива карго компанија со која соработуваме, плаќање при прием на пратката, достава до врата со можност да ја проверите пратката, заштеда на време кога купувате онлајн, производот ќе ви биде брзо и лесно доставен до посакуваната адреса.

Доколку сте продавачи Вашите бенфити се следни: неограничен пазар и повеќе од 70.000 потенцијални клиенти секој ден, едноставно организирање на нарачките за достава со карго, зголемен профит, зголемена продажба, заштеда на време и пари. Нема потреба вие да ја организирате доставата бидејќи Карго компанијата ќе ве контактира и ќе ја преземе пратката од вас, а средствата од нарачката ќе бидат доставени до вас од страна на Карго компанијата. 

AETM: Би сакале да ни објасните за неколку важни елементи од новата услуга. Како се одвива плаќањето на производите, како продавачите и купувачите се информирани за статусот на нарачката, колку дена се потребни за производот да пристигне на адреса и дали во даден случај е возможно откажување на нарачката? 

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Плаќањето се одвива при достава на производот, во готовина. Тие средства курирот безбедно ги доставува до адресата на продавачот.  Информации за статусот на нарачката корисниците можат да добијат во склоп на нивниот профил на Пазар3 како и на е-маил / смс. Доставата се реализира во рок од 3 дена. Секако, постои опција за откажување на нарачка и постојат јасни објавени правила на сајтот како се одвива процесот на откажување.

pazar3.mk
pazar3.mk

 

AETM: Освен на македонскиот пазар, Пазар3.мк е застапен и во регионот. Каде сè се во функција услугите на Пазар3.мк и дали можноста со достава функционира и надвор од Македонија? 

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Карго доставата какo функција е имплементирана на Пазар3.мк во соработка со ЕЛС. Освен во нашата земја, услугата Карго Достава е имплементирана во Албанија на веб сајтот www.merrjep.al и во Косово на веб сајтот www.merrjep.com во соработка со локални карго компании во тие земји.

AETM: Освен Карго Достава, на какви новитети работите во периодов? Што може да се очекува од Пазар3.мк? 

Aјлин Шеали, pazar3.mk: Постојано работиме на подобрување на постоечките услуги и лансирање на нови. Како и досега и понатаму продолжуваме со олеснување на купувањето и продавањето. Моментално се развиваат нови функции за Пазар3, се работи на подобрување на дизајните и за скоро ќе има нови мобилни апликации со многу понапредни функции. Активно работиме на олеснување на онлајн купувањето и заедно со Вас како Асоцијација за е-трговија веруваме дека се повеќе и повеќе ќе се подигне свеста за онлајн купување во нашата земја. Кога постојат сериозни веб сајтови за онлајн продажба и довербата на корисниците расте, а со тоа веруваме дека расте и довербата во онлајн трговија.

pazar3.mk
pazar3.mk

 

Related content