Вредноста на прекуграничната е-трговија во Европа во 2021 изнесува 171,2 милијарди евра во 2021 година. Ова е раст од 17% во споредба со претходната година. Европските онлајн бизниси оствариле прекуграничен приход од 100 милијарди евра.
Прекуграничната е-трговија во Европа значително расте 🚀
Минатата година за прв пат, европските продавачи оствариле прекуграничен приход од 100 милијарди евра. Во споредба со 2020 година, ова е раст од 14,6% (87,2 милијарди евра) на годишно ниво.
Прекуграничната продажба се намалува во Англија
Прекугранината продажба од Обединетото Кралство била намалена за 12% во 2021, или во бројки – приход од 29 милијарди евра, додека во 2020 година прекуграничната продажба остварила вкупно 33 милијарди евра. Како резултат на тоа, ОК повеќе не е најголемиот прекуграничен продавач во Европа. Германија го зазеде своето место како број еден.

Заедно, првите 500 најголеми прекугранични продавачи во Европа оствариле обрт од 58,3 милијарди евра. Бројот на брендови кои продаваат преку D2C-канали се зголемил за 50%.
Категориите мода, накит и производи за бебиња и понатаму се највисоко рангирани во топ 500, со учество од 41%. Категориите за дом, градина и do-it-yourself го зголемиле својот удел за 15% поради на појавата на ковид-19. Категоријата за лична нега се зголемила за неверојатни 100%.
Прекуграничната е-трговија во Европа ќе продолжи да расте
Најголемите 500 прекугранични продавачи имале вкупно 1,4 милиони месечни посетители во 2021 година. Во споредба со претходната година, ова е раст од 40%.
Топ 10 прекугранични продавачи во Европа
1. | IKEA |
2. | H&M |
3. | Lego |
4. | Zalando |
5. | Lidl |
6. | About You |
7. | Jysk |
8. | Zara |
9. | Bauhaus |
10. | Euronics |
Овие топ 10 продавачи генерирале 20,9% од приходот на првите 500 продавачи. На прво место е IKEA, со прекуграничен приход од 5,5 милијарди евра. Ова е зголемување од 8% во споредба со 2020 година. Zalando, Lidl, About You, Jysk, Zara, Bauhaus и Euronics за првпат влегоа во топ 10.