News from e-commerce

[EcomConf Partner] Марија Анастасовска: Клучот e во комбинирањето на човечката креативност со автоматизирана ефикасност

Во светот каде алгоритмите ја обликуваат содржината што ја гледаме, продуктите што ни се нудат па дури и во информациите што ни се пласираат, е-трговијата не само што се развива многу брзо, таа станува и многу поефикасна. Во центарот на оваа трансформација е генеративната вештачка интелигенција (GenAI) – технологија која нуди автоматизација, персонализација и побрзо остварување на целите на клиентите. Но, како да се премине од „buzzword“ до реална, практична примена?

За ова разговаравме со Марија Анастасовска, извршна директорка на PCG International – наш сребрен партнер на овогодинешната конференција за е-трговија, за тоа како компаниите во е-трговијата, од локални мали компании до глобални платформи, можат да ја искористат моќта на GenAI за да изградат лојалност, да ги прошират своите операции и да бидат чекор пред конкуренцијата и регулативите.

Со експертизата на PCG во областа на cloud и AI решенија и сè поголемото портфолио на клиенти низ Европа, Марија дава јасен и практичен увид за тоа што навистина е потребно за успешна примена на AI и каде се движи следниот бран на иновации.

Марија, ти благодариме што одвоивте време за овој разговор. Да започнеме со очигледното: Генеративната вештачка интелигенција (GenAI) е присутна насекаде во технологијата. Зошто сметате дека станува централна тема во е-трговијата?

Марија Анастасовска: Краткиот одговор е дека решава реални проблеми. Практично од самата појавата на онлајн продавниците, персонализацијата се смета за клучна цел во маркетингот. Досега, имплементацијата на такви решенија беше многу сложена, скапа и временски интензивна. GenAI го редефинира тоа, овозможувајќи во неколку секунди да се генерира релевантна содржина или препораки за производи, кои се во согласност со брендот и податоците за самите производи.
Еден пример е нашата соработка со Agrovia, платформа која им помага на малите производители со дигитален маркетинг. Претходно, oвие производители најчесто вложуваа многу време во рачно креирање на кампањи, што бараше специфични вештини кои тие не ги поседуваа, а на крај сето тоа резултираше во помалку време за управување на сопствениот бизнис.

Agrovia увиде дека GenAI може да генерира професионална и релевантна содржина за многу пократко време. Но, она што навистина направи разлика беше воспоставување систем кој овие алатки ги направи употребливи и за тимови кои немаат ИТ или креативни оддели. 

Тоа е мал пример, но ја илустрира поентата: не треба да сте глобален гигант како Alibaba или eBay за да имате придобивки од AI. Дури и статистиката ја потврдува оваа тенденција, според McKinsey, компаниите што успешно ја користат персонализацијата остваруваат околу 40% повеќе приходи од тие што не ја користат.

Сепак, често слушаме загриженост околу ризиците, особено од мали и средни компании. Како да се оствари безбедна примена?

Марија Анастасовска: Можеби звучи како клише, но всушност фундаменталната безбедност е основа за сè што правиме во PCG. Имајќи го предвид ограниченото внатрешно знаење и стравот од ризик за пропусти или непочитување на регулативите, многу мали и средни компании се загрижени за управување со сензитивните податоци на клиентите.

Токму затоа, како AWS Premier Tier Services партнер, сè што креираме е во согласност со Well-Architected принципите, вклучувајќи безбедност, оперативна извонредност и ефикасност, и оптимизација на трошоците.

Уште поважно, правна/регулаторната усогласеност е вградена од самиот почеток. Нашите клиенти работат низ Европа, па GDPR е задолжителен. Исто така, EU AI Act ќе донесе дополнителна транспарентност и одговорност во работењето со AI системите.

За нас, ова не е само нешто што го имаме на ум, туку основен принцип на дизајн. Единствено така може да се постигне правилна употреба на GenAI без непотребни последици. На крај, не е важно само да се движиме бргу, туку да одиме во правилната насока.

Можете ли да споделите еден конкретен пример за примена на GenAI?

Марија Анастасовска: Секако, еден од нашите омилени примери е соработката со Voyado, шведска SaaS компанија која поддржува преку 350 малопродажни брендови на повеќе од 100 пазари. Тие идентификуваа проблематична точка: клиентите трошeа премногу време на рачно конфигурирање на pop-up известувања, која е клучна функционалност за одржување на интеракција со клиентите. 

Со јасно разбирање на нивните потреби и цели, изградивме целосно автоматизиран систем за генерирање pop-up известувања користејќи Amazon Lex за креирање на содржини и Amazon Bedrock за одржување конзистентност на дизајнот. Сега, клиентите на Voyado можат да генерираат pop-up известувања за неколку секунди, без рачна интервенција, без грешки во дизајнот и во согласност со нивните бренд насоки.

Резултатот беше намалување на рачниот труд за 70%, побрзо спроведување на кампањите и позадоволни клиенти. Овој пример потсетува дека најдобрите AI решенија не се секогаш „фенси“/за шоу ефект, туку навистина се практични и корисни. 

Што е со бизнисите тука во Северна Македонија? Дали овој вид технологии им е достапен?

Марија Анастасовска: Апсолутно. Работиме со компании низ целиот регион, од мали и средни претпријатија до компании во развој и од непосредно искуство видовме како GenAI може да донесе брзи резултати.

Исто така, иако делуваме како дел од поширока европска групација со канцеларии во седум земји, нашето регионално седиште се наоѓа во Скопје, каде над 65 cloud специјалисти креираат иновативни решенија од почеток до крај. Ова значи дека Северна Македонија не е на маргините на дигиталната трансформација, напротив, активно ја обликува, а нашето тоа го потврдува. Не зборуваме само за можности, ние локално креираме и развиваме GenAI решенија, за компании во регионот.

Како партнер на AWS, PCG обезбедува средства за поддршка на proof-of-concept иницијативи преку програмите за финансирање, што им овозможува на бизнисите да креираат пилот проект со минимален ризик. Овој пристап им овозможува на компаниите да ги тестираат своите концепти, да видат што е тоа што функционира или не функционира и потоа да донесат информирана одлука за продолжување на проектот.

Веќе увидовме дека овој пристап успешно функционира со компании во Северна Македонија. На пример, со PressClipping креиравме AWS-базирано AI решение за транскрипција и анализа на медиумски содржини, овозможувајќи им на клиентите на PressClipping побрзи и поточни увиди. На СИМТ, им помогнавме со автоматизација на царинските процеси, го модернизиравме нивниот систем со AI и cloud услуги, поедноставувајќи го усогласувањето со регулативите и оптимизирајќи ги процесите на меѓународната трговија. Овие проекти покажуваат како напредните cloud и AI технологии можат да се применат локално за решавање на многу проблеми.

Овој модуларен пристап се покажува особено успешен на македонскиот пазар. Можете да се фокусирате на реален предизвик, да постигнете конкретен ефект и да разберете како вашите клиенти реагираат на тоа, без да инвестирате значителни средства. Mислам дека овие примери јасно покажуваат дека AI не е само за технолошките гиганти, туку е достапна за секој со јасна цел и вистински партнер.

А што следува по самата продажба? Може ли GenAI да го унапреди корисничкото искуство и по завршувањето на куповниот процес?

Марија Анастасовска: Дефинитивно. Често кога се зборува за вештачка интелигенција, фокусот е на маркетингот, но поддршката и задржувањето на клиентите се подеднакво важен дел – особено во e-трговијата.

Едно од нашите последни решенија вклучуваше анализа на повици со помош на AI за call центар. Тоа помогна да се идентификуваат областите каде тимовите за поддршка не се водат по сценаријата, каде клиентите се откажуваат и кои видови на проблеми најчесто се појавуваат. Овој фидбек овозможи компанијата да ги решава проблемите побрзо и да одговара на поинаков, почовечки начин.

Кога се применува во e-трговија, ваквиот вид на интелигенција може да доведе до 35% побрзо решавање на проблемите, помалку рекламации и враќања и поголема долгорочна лојалност. На крајот од денот, мора да се напомене дека вистинската вредност не е само во завршување на продажбата, туку и во задржување на клиентот.

Гледајќи напред/кон иднината, каде ја гледате улогата на AI во e-трговијата?

Марија Анастасовска: Откако ќе помине фазата на новитет, повеќе нема да зборуваме за вештачката интелигенција како за нешто посебно. Таа ќе стане како електричната енергија – интегрирана во секој процес. Управувањето со залихи, формирањето цени, корисничката поддршка, препораката на производи – се ќе стане попаметно и поадаптивно.

Клучот ќе биде во комбинирањето на човечката креативност со автоматизирана ефикасност. 

Успешни ќе бидат оние бизниси кои умеат да ги искористат алатките за да создадат нешто уникатно и вредно, а не тие оние што само поседуваат најмногу алатки. Затоа ми се допаѓа како на оваа конференција успехот се прикажува како нешто што се гради, а не како готов производ. И можностите се огромни.

Светската e-трговија се очекува да достигне 6,8 трилиони долари до 2028 година. Компаниите кои ќе ја применат AI правилно сега, нема само да одржуваат чекор – тие ќе ја водат индустријата. И едно е сигурно – иднината на e-трговијата нема да дојде како готов производ, туку ќе се гради чекор по чекор од смелите и иновативните.

За компаниите кои сè уште се двоумат, кој би бил вашиот последен совет?

Марија Анастасовска: Не чекајте го совршениот план. Изберете еден предизвик – систем за електронски пораки, листи на производи, креирање pop-up известувања или слично, и прашајте се – може ли Вештачката Интелигенција да помогне тука? Потоа тестирајте, учете и подобрувајте.

И не се справувајте сами со тоа. Соработувајте со партнер кој го разбира cloud-от, ја разбира технологијата и регулативата. Така ќе иновирате без хаос. Ако сакате да ги истражите можностите за модернизирање и унапредување на бизнисот, нудиме бесплатна експертска консултација и $300 AWS кредити – безбеден и проверен начин да преминете од идеи кон акција.

Започнете со мали чекори, размислувајте амбициозно и градете одговорно.

Related content