Е-трговијата денес претставува еден од најбрзо растечките сегменти на бизнисот во Босна и Херцеговина и глобално. Со брзиот развој на дигиталната трговија, сè повеќе компании ja препознаваат онлајн-продажбата како клучен дел од нивните бизнис-стратегии. Зголемувањето на бројот на корисници на интернет, промените во навиките за купување, како и растечкиот број на дигитални платформи и услуги, отвораат врати за нови можности и предизвици во оваа област. За да се поддржи овој раст, да се поврзат лидерите од индустријата и да се споделат најдобрите практики, нашите регионални партнери, Асоцијацијата за е-трговија на Босна и Херцеговина со гордост го најавува третото издание на конференцијата Ден на е-трговија, која ќе се одржи на 28 ноември 2024 година во Градско собрание – Сараево.
Конференцијата ќе ги обедини водечките експерти, лидери и иноватори од дигиталната економија, нудејќи единствена можност за размена на знаења и увид во најновите трендови кои ја обликуваат иднината на е-трговијата.
Под слоганот “eCommerce Day: eCommerce Galvanized! Don’t Hold Back!”, овогодинешниот настан е инспириран од храброста и иновациите во дигиталниот бизнис, поканувајќи ги сите учесници да ги унапредат своите вештини, да ги споделат најдобрите практики и да го истражат потенцијалот на дигиталната трансформација.
Учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на различни панели и презентации за најновите достигнувања и предизвици во секторот за е-трговија, вклучувајќи одржливост во дигиталниот бизнис, психолошки стратегии за привлекување клиенти и воведување е-трговија во јавните институции. Конференцијата ќе ги обедини познатите експерти и претставници од водечки компании, создавајќи простор за продуктивни дискусии и вмрежување.
Повеќе информации за конференцијата Ден на е-трговија 2024 се достапни на официјалната веб-страница https://ecommerceday.promotim.ba/, каде што можете да ги најдете деталите за програмата, учесниците и говорниците. Влезниците за конференцијата се достапни на платформата Entrio.ba.
За дополнителни информации околу конференцијата, обратете се на contact@e-comm.ba.